Најлошата недела во мојот живот (The worst week of my life)

Најлошата недела во мојот живот (The worst week of my life)

ТВ серија исполнета со хумористични и непредвидливи случувања

Најлошата недела во мојот живот (The worst week of my life)  Главни ликови: Бен Милер, Сара Александер, Алисон Стедман, Џефри Вајтхед, Џенин Дувидски, Роналд Пикап..

Режисер: Марк Бусел, Џастин Сбресни

Креатори: Марк Бусел, Џастин Сбресни

Жанр: комедија

Времетраење: 30 мин.

Премиера: 12 март 2004

Јазик: англиски

Број на сезони: 3

Следна епизода: нема

Наша оценка: 8/10

_________________________________________________________________________________ „Најлошата недела во мојот живот“ е одлична британска серија во продукција на БиБиСи, која навистина може да ви го разубави денот. Несекојдневните и незгодни случувања на еден млад брачен пар и нивните комплетно различни семејства, ќе ве наелектризираат со позитивна енергија и може да ви дојде како одлична релаксација после напорниот ден. ________________________________________________________________________________
Од почетокот на првата епизода:

Приказна: Серијата започнува една недела пред најсреќниот ден во животите на Хауард и Мел, нивната венчавка која сите со нетрпение ја очекуваат. Недела предвидена за релаксација и изострување на деталите околу свадбата, но и за зближување на Хауард со семејството на Мел, особено со нејзиниот татко Дик, кој и онака не е негов најголем обожавател. Но како непишано правило, секогаш кога премногу се трудите да оставите убав впечаток, работите се одвиваат обратно од планираното. Засрамувачките ситуации во кој запаѓа Хауард со семејството на неговата идна сопруга, во комбинација со љубоморните испади на неговата колешка, која е болно заљубена во него, ја дава дефиницијата за добра хумористична серија.
.

„Оф Боже, зошто не се венчавме некаде на плажа, само ние двајцата“

Во понатамошниот тек на серијата сатиричните случувања продолжуваат и на нивниот меден месец и за време на Божиќните празници.

Најлошата недела во мојот живот (The worst week of my life)Најлошата недела во мојот живот (The worst week of my life)

Интересни податоци: Серијата е снимена во три сезони, од кои за третата сезона се снимени само три епизоди. По третата сезона, БиБиСи одлучи да се прекине со снимањето на серијата, што наиде на големо разочарување на публиката.

Најлошата недела во мојот живот (The worst week of my life)

Сепак серијата доби свои интернационални верзии, во Германија наречена „Помош! Свадба! Најлошата недела во мојот живот“ и далеку попопуларната американска верзија „Најлошата недела“ во која глуми и популарниот актер  од ТВ серијата „Лудите седумдесетти“, Куртвуд Смит, во улогата на Ред Формен.

Кога и како да ја гледате? Серијата е лесна и интересна и можете да ја гледате со друштво, со вашиот партнер или пак сами. Како и да е смеењето нема да изостане. Серијата во своите три сезони е составена од само 17 епизоди, па затоа е многу погодна да ги изгледате сите во еден викенд додека сте заминати некаде да се одморите и да уживате.

Најлошата недела во мојот живот (The worst week of my life)Најлошата недела во мојот живот (The worst week of my life)

Слични серии: „Најлоша недела“

Слични филмови: „Запознавање со родителите“, „Запознавање со Фокерови“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар