Што нè очекува овој месец во кино салите ширум светот?

Што нè очекува овој месец во кино салите ширум светот?

Изгледа април ќе биде возбудлив месец за љубителите на блокбастерите, бидејќи тие ќе имаат можност конечно да ги гледаат Брзи и бесни 8 (Fast & Furious 8) и Чувари на галаксијата 2 (Guardians of the Galaxy Vol. 2). Но ова не се единствените жанрови што ќе имаме можност да ги видиме во текот на овој месец… Покрај акцијата и научната фантастика, со овој месец ќе владеат и комедијата и трилерот… Погледнете кои наслови нè очекуваат во следниве неколку недели!

Што нè очекува овој месец во кино салите ширум светот?

Бебето шеф (The Boss Baby) – 1 април

Како првоаприлска шега, оваа анимирана комедија ги освои срцата на сите љубители на анимираната комедија ширум светот. Алек Болдвин го позајмува гласот на бебе што е тајно извршен директор на корпорацијата за бебиња и заедно со својот 7-годишен постар брат се борат против злобната корпорација на кутриња што се обидува да ја наруши рамнотежата помеѓу љубовта и неодоливоста.

Во голем стил (Going in Style) – 7 април

Морган Фриман, Мајкл Кејн и Алан Аркин формираат тим од 80-годишни ограбувачи на банки во оваа комедија и сатира од режисерот Зек Браф. Со харизматична група актери, оваа приказна малку наликува на Италијанска работа (The Italian Job), и без сомнение се очекува да биде најголемата комедија на месецот.

Брзи и бесни 8 (Fast and Furious 8) – 7 април

Или попознат како Судбината на бесните (The Fate of the Furious) е најновото продолжение на брзите авантури на Доминик (Вин Дизел) каде што тој е принуден да работи против своето семејство од страна на мистериозната Сајфер (Шарлиз Терон). Станува збор за уште еден филм исполнет со акција и неверојатни ефекти!

Незаборавно (Unforgettable) – 21 април

Катерин Хеигл ја глуми Теса Коновер, која едвај се справува со крајот на нејзиниот брак кога бившиот сопруг, Дејвид (Џеф Стултс), ќе ја побара за сопруга Џулија Банкс (Росарио Досон). Тој не само што ќе донесе Џулија во домот што тие го делеле, туку ќе почне да ја вклучува во нивната врска и ќерка им, Лили (Изабела Рајс). Додека се обидува да се адаптира на својата нова улога како сопруга и маќеа, Џулија верува дека конечно го сретнала мажот на нејзините соништа – оној што ќе ѝ помогне да го остави тешкото минато зад себе. Но, љубомората на Теса преминува во патолошка и таа ќе направи сè што може за да го претвори сонот на Џулија во кошмар.

Чувари на галаксијата 2 (Guardians of the Galaxy Vol. 2) – 28 април

Најлудите херои од светот на Марвел повторно се враќаат на големото платно за да го спасат универзумот од уште една закана за уништување. По неверојатниот успех во 2014 година на првиот дел, легендарните Стар-Лорд, Гамора, Дракс, Рокет и Бејби Грут во комбинација со новодојдената Мантис и поранешните непријатели Јонду и Небјула, ќе се соочат со космичка божица и ќе ја откријат вистината на мистериозниот татко на Стар-Лорд (што го игра Курт Расел). Станува збор за уште еден епски научно фантастичен филм за суперхерои со одличен саундтрак од 80-тите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар