Предлози за празнично филмско уживање

Предлози за празнично филмско уживање

Филмските маратони се чест начин за забава со друштво во празничниот период или за да се земе здив од згуснатиот распоред полн со забави. Погледнете ја оваа листа со филмови кои се појавија во последните две години, кои сигурно ќе го задржат вашето внимание во овој период.Предлози за празнично филмско уживање

1. Борновото наследство (Bourne Legacy)

Предлози за празнично филмско уживањеЖанр: акција, трилер, мистерија

Јазик: англиски

Премиера: 10 август 2012

Улоги: Џереми Ренер, Рејчел Вајс, Едвард Нортон

Времетраење: 135 минути

Наша оценка: 8/10

Кратка содржина: Четвртото продолжение на серијалот за агентот Борн е прво кое не е базирано на книгите на Роберт Ладлам. Овој дел е поразличен од претходните три, но и тој е задолжителен за фановите на трилогијата. Фали харизматичниот Мет Дејмон, иако и Џереми Ренер е одличен во улогата на таен агент, но исто така филмот е побавен, а текот на дејствието остава впечаток дека е само вовед во многу следни продолженија. Сепак, и овде има доволно акција и мистерија, кои овој пат ги носи приказната за агентот Арон Крос (Џереми Ренер). ЦИА се обидува да го убие за да покрие некои сопствени утки во операциите, но откако ќе успее некако да се спаси ќе тргне во потрага по одговор за она што му се случува.


2. Човекот со железни тупаници (The Man with the Iron Fists)

Предлози за празнично филмско уживањеЖанр: акција

Јазик: англиски

Премиера: 2 ноември 2012

Улоги: Расел Кроу, Луси Лиу, Џејми Чунг, Риза

Времетраење: 95 минути

Наша оценка: 7/10

Кратка содржина: Дејството е сместено во Кина во деветнаесеттиот век, каде што селото Џангл Вилиџ е средиште на борбите помеѓу неколку завојувани кланови. Нивна крајна цел е златото чија испорака поминува низ селото. Во потрагата по него ќе се вклучи и еден англиски војник (Расел Кроу) и селскиот ковач (Риза), кој прави оружје за клановите со цел да го отплати ропството на својата сакана. Филмот изобилува со брутални борбени сцени од боречките вештини од далечниот исток.


3. Црвеното куче (Red Dog)

Предлози за празнично филмско уживањеЖанр: семејна драма, комедија

Јазик: англиски

Премиера: 4 август 2011

Улоги: Коко, Џош Лукас, Рејчел Тејлор, Артур Ејнџел

Времетраење: 92 минути

Наша оценка: 9/10

Кратка содржина: Црвеното куче ќе пристигне во едно мало рударско гратче во Австралиската пустина и ќе почне да ги менува животите на луѓето таму: едни ќе пронајдат пријателства, други ќе пронајдат љубов, на трети ќе им го спаси животот, а некои ќе се пронајдат себеси. Ако сте фан на филмот за кучето Хачи ќе го обожавате и Црвеното куче, затоа што и тој е базиран на вистинска трогателна приказна за љубовта меѓу луѓето и животните која сигурно ќе ве разнежни.


4. Грабната 2 (Taken 2)

Предлози за празнично филмско уживањеЖанр: акција

Јазик: англиски

Премиера: 20 декември 2012

Улоги: Лијам Нисон, Фамке Јансен, Меги Грејс, Раде Шербеџија

Времетраење: 92 минути

Наша оценка: 8/10

Кратка содржина: Вториот дел на возбудливата акција продолжува онаму каде што заврши првиот. Главата на албанската мафија (Раде Шербеџија) посакува одмазда за својот загубен син. Ќе тргне во потрага по Брајан Милс (Лијам Нисон) и ќе го најде во Истанбул. Тој е таму заедно со својата ќерка и поранешната сопруга, а тоа е совршена можност за одмазда.


5. Стража (The Watch)

Предлози за празнично филмско уживањеЖанр: научно-фантастична комедија

Јазик: англиски

Премиера: 27 јули 2012

Улоги: Бен Стилер, Винс Вон, Џона Хил

Времетраење: 102 минути

Наша оценка: 7/10

Кратка содржина: Еван (Бен Стилер) е совесен и одговорен граѓанин кој по едно мистериозно убиство во градот ќе оформи стража која ќе се погрижи да го најде убиецот и да спречи нови немили настани. На неговиот јавен повик ќе се јават само луѓе кои сакаат да побегнат од секојдневната рутина во животот. Ним не им е дојдено до стражарење туку само до забава… барем додека не се појават вонземјаните.


6. Чудниот живот на Тимоти Грин (The Odd Life of Timothy Green)

Предлози за празнично филмско уживањеЖанр: семејна драма, фантазија

Јазик: англиски

Премиера: 15 август 2012

Улоги: Џенифер Гарнер, Џоел Еџертон, Си Џеј Адамс

Времетраење: 105 минути

Наша оценка: 9/10

Кратка содржина: Преку чудниот живот на малиот Тимоти Грин се раскажува приказна за двајца родители кои тежнеат да бидат идеални. Во очајот по неможноста да добијат дете, Синди (Џенифер Гарнер) и Џим (Џоел Еџертон) на хартија ќе напишат какво сакаат да биде нивното дете, ќе ја стават во кутија и ќе ја закопаат во градината. Ноќта ќе се случи чудо и токму на тоа место ќе „никне“ малиот Тимоти. Тој е прекрасно дете, со сите добри особини кои беа напишани и закопани, но има работи кои го прават различен од сите други деца.


7. На пат (On the Road)

Предлози за празнично филмско уживањеЖанр: авантура, драма

Јазик: англиски

Премиера: 23 мај 2012

Улоги: Сем Рајли, Герет Хедланд, Кристен Стјуарт, Кирстен Данст

Времетраење: 124 минути

Наша оценка: 7/10

Кратка содржина: Адаптацијата на истоименото дело на Џек Керуак е иста како и книгата, само имињата на ликовите се сменети. Младиот писател Сал Парадајз (Сем Рајли) патува низ Америка во потрага по инспирација заедно со слободоумниот Дин Моријарти (Герет Хедланд) и неговата девојка Марилу (Кристен Стјуарт). Додека се на пат среќаваат голем број луѓе кои неминовно влијаат на текот на нивните животи.


8. Ова мора да е тоа (This Must Be the Place)

Предлози за празнично филмско уживањеЖанр: драма

Јазик: англиски

Премиера: 24 август 2011

Улоги: Шон Пен, Френсис МекДорманд, Џад Хирш

Времетраење: 118 минути

Наша оценка: 7/10

Кратка содржина: Ова е одличен филм за созревањето и продолжувањето понатаму по лошите настани од минатото. Во него Шон Пен го глуми Шејен, пензионирана рок ѕвезда која живее здодевен живот со сопругата во огромна куќа во Даблин. Работите за него ќе станат поинтересни кога ќе треба да се врати во САД, каде што татко му е на смртна постела. Иако не си прозбореле 30 години, Шејен ќе одлета до таму, но за малку ќе задоцни на неговите последни мигови од животот. Сепак, тој ќе реши да му се оддолжи со тоа што ќе ја исполни целта која неговиот татко не доживеал да ја изврши – да го најде обвинителот поради кој тој завршил во концентрационен логор.


9. Црно злато (Black Gold)

Предлози за празнично филмско уживањеЖанр: драма, трилер

Јазик: англиски

Премиера: 23 ноември 2011

Улоги: Антонио Бандерас, Марк Стронг, Фрида Пинто, Тахар Рахим

Времетраење: 130 минути

Наша оценка: 9/10

Кратка содржина: На почетокот на дваесеттиот век конечно ќе заврши војната меѓу две арапски племиња. Ќе постигнат примирје, според кое меѓу двете кралства ќе има означено ничија земја, а поразениот султан Амар (Марк Стронг) ќе ги даде своите двајца синови, Али и Ауда, да бидат одгледани кај емирот Несиб (Антонио Бандерас) како гаранција дека ќе нема повеќе војни. По петнаесет години, кога американските компании за прв пат ќе почнат да пристигаат во потрага по нафта, Ауда (Тахар Рахим) ќе мора да избере страна меѓу својот конзервативен татко Амар, кој не ги сака новодојдените, и Несиб, кој сега веќе е таткото на неговата сопруга и сака да ги продаде нафтените полиња кои се наоѓаат на ничијата земја.


10. Целосно отповикување (Total Recall)

Предлози за празнично филмско уживањеЖанр: научно-фантастична акција

Јазик: англиски

Премиера: 3 август 2012

Улоги: Колин Фарел, Џесика Бил, Кејт Бекинсејл

Времетраење: 118 минути

Наша оценка: 7/10

Кратка содржина: Дејството е сместено во пост-апокалиптичен свет во иднината во кој и понатаму мал број луѓе го трошат она што го произведува мнозинството. Даглас Квејд (Колин Фарел) е еден обичен работник кој при еден обид да побегне од здодевното секојдневие ќе открие дека е шпион. Тогаш почнува да се сомнева во сè и да бега, а неговите „претпоставени“ ќе тргнат во потрага по него.

Покрај овие, разгледајте ги и претходните филмски предлози кои редовно се објавуваат на Кафе пауза.

Храбра (Brave)

Предупредувачки повик (Margin Call)

Недофатливите (The Intouchables)

Храбра (Brave)

Недофатливите (The Intouchables)
анимација, акција, авантура трилер, драма драма, комедија

Американска пита: 13 години од матура (American Reunion)

Засолниште (Safe House)

Челичната дама (The Iron Lady)

Американска пита: 13 години од матура (American Reunion) Засолниште (Safe House) Челичната дама (The Iron Lady)
комедија акција, мистерија драма, биографија

Диктаторот (The Dictator)

Бетмен: Подемот на Црниот витез (The Dark Knight Rises)

Безредие (Lawless)

Диктаторот (The Dictator) Бетмен: Подемот на Црниот витез (The Dark Knight Rises) Безредие (Lawless)
комедија акција, криминалистичка драма криминалистичка драма

Дивјаци (Savages)

Еден ден (One Day)

Фати го Американецот (Get the Gringo)

Дивјаци (Savages) Еден ден (One Day) Фати го Американецот (Get the Gringo)
криминалистички трилер драма, романса акција, криминалистичка драма

Гавранот (The Raven)

Игри на гладните (The Hunger Games)

Кралство на изгревот на месечината (Moonrise Kingdom)

Гавранот (The Raven) Игри на гладните (The Hunger Games) Кралство на изгревот на месечината (Moonrise Kingdom)
трилер, мистерија акција, авантура, научна фантастика драма, романса

Руби Спаркс (Ruby Sparks)

Средината на март (The Ides of March)

Воин (Warrior)

Руби Спаркс (Ruby Sparks) Средината на март (The Ides of March) Воин (Warrior)
драма, романса, фантазија политички трилер, драма спортска драма, семејна драма

Временска јамка (Looper)

За Рим со љубов (To Rome with Love)

Лудо вљубени (Like Crazy)

Временска јамка (Looper) За Рим со љубов (To Rome with Love) Лудо вљубени (Like Crazy)
акција, научна фантастика, трилер романтична комедија романса, драма

Мадагаскар 3: Најбараните во Европа (Madagascar 3: Europe’s Most Wanted)

Мажи во црно 3 (Men in Black 3)

Прометеј (Prometheus)

Мадагаскар 3: Најбараните во Европа (Madagascar 3: Europe’s Most Wanted) Мажи во црно 3 (Men in Black 3) Прометеј (Prometheus)
анимација, авантура, комедија акција, комедија, научна фантастика авантура, научна фантастика, трилер

Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker, Tailor, Soldier, Spy)

Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)

Одмаздниците (The Avengers)

Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker, Tailor, Soldier, Spy) Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman) Одмаздниците (The Avengers)
драма, мистерија, трилер акција, авантура, драма акција, научна фантастика, трилер

Воен брод (Battleship)

Завет (The Vow)

Жената во црно (The Woman in Black)

Воен брод (Battleship) Завет (The Vow) Жената во црно (The Woman in Black)
акција, авантура, научна фантастика романса, драма хорор, трилер, мистерија, драма

Погледнете ја и листата на хорор филмови.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар