Откажани ТВ серии кои би требало да се вратат

Откажани ТВ серии кои би требало да се вратат

Кога ќе ви откажат серија којашто навистина сте ја сакале сигурно се чувствувате фрустрирано. Многу често откажаните серии не ја завршиле приказната, поради што не знаете што ќе се случеше со вашите омилени ликови. Па, бидејќи сме во ерата на „оживување“ на стари серии, еве неколку кои заслужуваат барем уште една шанса.

1. Ханибал (Hannibal)

(1)otkazhani-tv-serii-koi-bi-trebalo-da-se-vratat-kafepauza.mk

Кога во 2015 година се откажа Ханибал, фановите беа сигурни дека за неколку недели ќе се промени мислењето на телевизијата. Сепак и критичарите и фановите го делеа мислењето дека оваа серија беше најдобрата на NBC. Една година подоцна, серијата не само што не најде нов „дом“, туку креаторот почна да работи на нови проекти, а актерите полека си заминаа секој на своја страна. Кога почнаа шпекулациите дека Ханибал повторно ќе се емитува, телевизијата им соопшти на новинарите дека не сакале да прикажуваат серија која нема да им биде омилена на сите. Земајќи ги предвид високите оценки, на никој не му е јасно дали телевизијата зборувала за истата серија.

2. Мајстори за забави (Party Down)

(2)otkazhani-tv-serii-koi-bi-trebalo-da-se-vratat-kafepauza.mk

Ова е една од сериите кои биле пред своето време и поради тоа баш немале среќа. Се работи за комедија која го следи животот на група луѓе кои работат во кетеринг служба и кои на чуден начин се вплеткуваат во животите на нивните муштерии. И покрај одличната актерска екипа, серијата изгледа е засекогаш завршена. Проблемот најверојатно е телевизијата која ја емитуваше (Starz), која не е позната по оригинална програма. Подоцна серијата го изгуби Адам Скот кој почна да ја снима Паркови и рекреација (Parks and Recreation), а Џејн Линч си замина бидејќи доби улога во Гли (Глее).

3. Дедвуд (Deadwood)

(3)otkazhani-tv-serii-koi-bi-trebalo-da-se-vratat-kafepauza.mk

Фановите молат за обновување на серијата уште од 2006-та година, кога серијата беше откажана по само 3 сезони. Дедвуд успеа да добие 28 Еми номинации, освои 8 од нив и беше прогласена за најдобрата серија која била откажана. Па што всушност го означило крајот на оваа серија? Најголем проблем биле парите. И покрај огромниот број фанови, од сезона во сезона заработката станувала помала. Снимањето вестерн со дејство во 18-тиот век бил еден од најскапите проекти на НВО. На креаторот му била понудена последна скратена сезона од 6 епизоди, но тој одлучил дека е подобро да го напушти проектот отколку да го намали квалитетот на серијата.

4. Просветлени (Enlightened)

(4)otkazhani-tv-serii-koi-bi-trebalo-da-se-vratat-kafepauza.mk

Оваа серија е доказ дека величањето од страна на критичарите не значи ништо ако серијата нема гледаност. Серијата беше номинирана за 2 Еми награди и 2 Златни Глобуси. На почетокот гледаноста била мала, но потоа се подобрила. Ова ги натерало критичарите да ги советуваат креаторите за нова сезона, но серијата сепак била откажана.

5. Светулка (Firefly)

(5)otkazhani-tv-serii-koi-bi-trebalo-da-se-vratat-kafepauza.mk

Оваа серија е легенда кога станува збор за откажување и за борбата да се врати назад. Серијата е откажана уште пред крајот на првата сезона, а го следи животот на група луѓе во 2517 година. По само 14 епизоди, причината за откажување биле слабите оценки. Излегло дека епизодите биле прикажани го грешен редослед, а ова предизвикало збунување во приказната. Дури откако беше издадена дивиди верзија од серијата, почнаа да се појавуваат фанови, а беше направен и филм, кој пак засекогаш ја уништи надежта за нова сезона. Сепак, во 2015 година актерите изјавиле дека со задоволство би направиле уште некоја сезона, па може да се надеваме дека Нетфликс или Амазон ќе се обидат да го сторат тоа.

Погледнете кои серии беа обновени оваа година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар