Одлични ТВ серии кои можат да ви го исполнат празничното слободно време - Part 4

Одлични ТВ серии кои можат да ви го исполнат празничното слободно време

10. Засекогаш (Forever)

Одлични ТВ серии кои можат да ви го исполнат празничното слободно време

200-годишниот бесмртник Хенри работи во мртовечницата на Њујорк каде што се обидува да најде клуч за клетвата на својата бесмртност. Неговите неверојатни способности за дедукција, кои наликуваат на големиот Шерлок Холмс, ќе му помогнат да започне соработка со полицијата при истражувањето на најзастрашувачките убиства.

11. Општеството Црвена лента (Red Band Society)

Одлични ТВ серии кои можат да ви го исполнат празничното слободно време

Оваа приказна нè води во животот на млади тинејџери кои се приморани да живеат во болница. Сите тие се со различен карактер и припаѓаат на различни групи во своите училишта и никогаш не би ни помислиле дека токму тие би станале толку блиски пријатели.

12. Фарго (Fargo)

Одлични ТВ серии кои можат да ви го исполнат празничното слободно време

Бесцелникот Лорн Малво пристигнува во малиот град Минесота и почнува негативно да влијае врз тамошните жители. Тој како и секогаш претходно, веднаш започнува со своите злочини и насилства, а со себе повлекува и други, вклучувајќи го навидум смотаниот продавач на осигурителни полиси Лестер Најгард, кој под влијание на Малво ја убива својата сопруга и потоа изненадувачки мудро се обидува да ја прикрие секоја трага која води до него. Одличен криминалистички трилер, за 10-ка!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    Silicon Valley – Силициумска Долина
    Silicon – Силициум
    Silicone- Cиликон
    🙂

Остави коментар