Најочекуваните филмски продолженија за 2018 година - Part 3

Најочекуваните филмски продолженија за 2018 година

11. Мери Попинс се враќа (Marry Poppins Returns)

Најочекуваните филмски продолженија за 2018 година

На многумина не им се допадна идејата за продолжение на Мери Попинс, но сигурно им се променило мислењето кога го дознале дејството. Филмот ќе биде сместен 25 години по оригиналниот, а Мери Попинс ќе ги посети возрасните Џејн и Мајкл по една семејна трагедија. Главниот лик ќе го игра Емили Блант.

12. Соло: Приказна за војна на ѕвездите (Solo: A Star Wars Story)

Најочекуваните филмски продолженија за 2018 година

Фановите се навистина скептични за филм со младиот Хан Соло. Перформансот на Харисон Форд е толку неверојатен што сметаат дека никој не може да го замени. Покрај тоа, се случувале и чудни работи зад сцената. Оригиналните режисери, Фил Лорд и Крис Милер биле отпуштени и заменети со Рон Хауард, кој наводно преснимил 80% од филмот. Па дали ова ќе биде првиот филм од Војна на ѕвездите што ќе добие лоши оценки по речиси една деценија?

13. Светот Јура: Паднато кралство (Jurassic World: Fallen Kingdom)

Најочекуваните филмски продолженија за 2018 година

По 3 години добиваме ново продолжение на познатиот филм. За дејството се знае малку, но има гласини дека станува збор за некој вулкан на островот. Во главно ќе ги гледаме актерите од претходниот филм, како Крис Прат и Брајс Далас Хауард, а ќе го видиме и Џеф Голдблум во улогата на Иан Малком.

14. Неверојатните 2 (The Incredibles 2)

Најочекуваните филмски продолженија за 2018 година

Во овој филм ќе ужива публиката од секоја возраст. Долгоочекуваното продолжение на најдобриот филм од 2000-тите конечно пристигнува. Повторно ќе го гледаме семејството суперхерои, но овој пат со нивниот мал син кој си има свои моќи. Дејството ќе се случува веднаш по крајот на првиот дел.

15. Одмаздници: Бесконечна војна (Avengers: Infinity War)

Најочекуваните филмски продолженија за 2018 година

Овој филм не само што е 3-то продолжени на серијалот Одмаздници, туку е 19-ти филм од филмовите на Марвел кој ветува да стави крај на светот на Марвел каков што го знаеме. Во ова продолжение ќе се соберат сите суперхерои за да се справат со негативецот Танос. Се очекува филмот да биде најголемиот блокбастер за оваа година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар