Најочекуваните филмски продолженија за 2018 година - Part 2

Најочекуваните филмски продолженија за 2018 година

6. Осуммината на Оушн (Ocean’s Eight)

Најочекуваните филмски продолженија за 2018 година

Овој филм ја има можеби најдобрата актерска екипа за 2018-та година. Во филмот ќе ги видиме Сандра Булок, Кејт Бланшет, Хелена Бонам Картер, Ен Хатавеј, Ријана, Минди Колин, Сара Полсон, Дамијан Луис и уште многу други. Филмот не е продолжение на претходните, но е сместен во истиот универзум. Сандра Булок е сестрата на Дени Оушн и ја следиме нејзината авантура.

7. Фантастични ѕверови: Злосторствата на Гринделвалд (Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald)

Најочекуваните филмски продолженија за 2018 година

Во првиот дел видовме многу малку од негативецот Гринделвалд, но овој дел му е посветен нему. Иако во првиот дел го видовме Колин Фарел во оваа улога, во овој филм улогата му е доделена на Џони Деп. Ќе ги видиме истите ликови од претходниот филм, како и младиот Дамблдор кој ќе го игра Џуд Ло.

8. Ралф го уништува Интернетот: Скрши го тоа Ралф 2 (Ralph Breaks the Internet: Wreck-It-Ralph 2)

Најочекуваните филмски продолженија за 2018 година

Дејството во филмот е сместено 6 години по настаните од првиот дел. Во овој филм ќе ги следиме Ралф и Венелопи кои ќе патуваат низ Интернетот за да ја спасат Sugar Rush. Режисерот од претходниот филм повторно се враќа и во овој. Фановите на Дизни сигурно ќе уживаат во продолжението.

9. Дедпул 2 (Deadpool 2)

Најочекуваните филмски продолженија за 2018 година

Во морето филмови со суперхерои кои се речиси идентични, Дедпул понуди нешто сосема различно. Филмот е повеќе како комедија за возрасни отколку филм со суперхерои. Во улогата на Дедпул повторно ќе го гледаме Рајан Рејнолдс, а режисер е Дејвид Лејч познат по филмот „Џон Вик“ (John Wick).

10. Невозможна мисија 6 (Mission: Impossible 6)

Најочекуваните филмски продолженија за 2018 година

Оваа франшиза е една од ретките кои се подобруваат со текот на времето. Иако оригиналот е одличен шпионски трилер, најдобри се третиот, четвртиот и петтиот дел. Сè уште се знае многу малку за филмот, но знаеме дека Том Круз ќе продолжи со лудите подвизи.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар