„Медена земја“ – приказна за споделувањето и човечноста

„Медена земја“ – приказна за споделувањето и човечноста

Големите теми се скромни и искрени. Тие непретенциозно допираат до срцата на гледачите поради општочовечката димензија и силната порака. Тие се ремек-дела кои со својата универзалност се препознаваат и се ценат од сите.

„Медена земја“ – приказна за споделувањето и човечноста

Таков е и документарниот филм „Медена земја“. Приказната од каменитиот Балкан, тлото натопено со крв и мед, својот фокус го наоѓа во едно запуштено македонско село кое балансира на работ меѓу реалноста и имагинацијата. Такви се и главните ликови од овој филм. Последните припадници од племето кое полека исчезнува, племето кое со својот благороден пристап, се препознава и низ цивилизациските пресеци преку сцени од Африка, Перу, Индија…

Тие сцени се последните сцени од светот кој исчезнува поради суровоста на „соседите“ кои водени од капиталистичката матрица на приграбување на сите вредности наметнуваат свои правила и ги бришат сите траги од скромност, чесност, трудољубивост и отвореност кон природата, кон ближниот, кон туѓинецот…

Атиџе е „последниот Мохиканец“ кој на целиот свет му покажува што е грижа, што е љубов, а што борба! „Да сè уште постоиме“ –  како да крикнува таа. И тој крик ечи како ехо низ целиот филм. И останува во главите на сите за да одѕвонува како камбана, како завет кон иднината. Бидејќи ниеден остров не осамен. Ничија судбина не е одделена од другите. Сè е поврзано и се врти во „зачараниот“ миг од сегашноста, а она што ѝ се случи нејзе, што ни се случи сите нам… Може да им се случи и на другите.

Но, дури и Атиџе моментално не е со своите пчели. Таа стигна и до Холивуд, а на нејзиното присуство таму се гледа како на средба со „ретка билка“, можност да се запознае „неизбрусениот, ненашминкан дијамант“ од „Земјата на медот“.

„Медена земја“ е филм на сите и за сите. Во својата матрица ја носи библиската порака „Љуби го ближниот свој како самиот себеси“. А тој ближен не е секогаш болната мајка на смртна постела, тој ближен е и природата која одамна го пушти „алармот“ за тревога!

Можеби сакате да прочитате и за новиот филм на Нетфликс „Marriage Story“ (Брачна приказна) кој го подели Интернетот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар