Куќа од соништата (Dream House)

Куќа од соништата (Dream House)

Филм за животните трагедии и за игнорирањето на суровата реалност со која мораме да се соочиме за да продолжиме со животот

Куќа од соништата (Dream House)Режија: Џим Шеридан

Сценарио: Дејвид Лука

Улоги: Даниел Крег, Рејчел Вајс, Наоми Ватс, Матрин Кокас, Тејлор Гир, Марк Вилсон, Џонатан Потс

Времетраење: 92 минути

Јазик: англиски

Премиера: 30 септември 2011

Жанр: психолошки трилер

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (30 гласа, просек: 8,40 од 10)
Loading...


Одбивањето на суровата реалност и затворањето во свој имагинарен свет е психолошко нарушување кое многупати досега било предизвик за филмаџиите. „Куќа од соништата“ е уште еден потресен филм, во кој на едноставен начин е прикажано што се случува кога нашиот мозок одбива да ја прифати трагедијата и да се соочи со последиците од неа. Тогаш замислуваме дека живееме во свет во кој сè е беспрекорно убаво. Но, наеднаш потсвеста испливува на површина, ни ја открива вистината од која упорно бегаме и нè враќа во кошмарот со кој одново треба да се соочиме. Покрај психијатрите и менталните институции, за да ја пребродиме трагедијата и да продолжиме понатаму, потребни ни се голема храброст и безусловна поддршка од пријателите.

Во филмот се испреплетуваат неколку веќе видени холивудски приказни, кои на почетокот може да ве наведат на погрешен заклучок. Можеби ќе помислите дека се работи за излитен хорор, но ако ги издржите првите сцени и не го исклучите телевизорот, ќе ви биде мило што сте му дале шанса и на ова остварување на Шеридан.



Приказна: Филмот започнува кога главниот лик Питер (Даниел Крег) се враќа од ментална институција во неговата стара напуштена куќа, која е речиси распадната и прекриена со графити. Но, во неговата глава сè е поинаку. За него, душевната болница е фирмата во која работи и од која дава отказ, со цел да му се посвети на семејството. Питер замислува како го напушта бурниот градски живот и се враќа во неговата куќа, во мирното предградие во Англија, каде живее удобен живот од соништата, заедно со неговата сопруга (Рејчел Вејс) и со двете ќерки. Питер не е свесен дека тие се мртви и дека тој бил обвинет за нивното убиство, по што бил прогласен за луд и затворен во душевна болница. По пет години рехабилитација, неговиот психијатар констатира дека е излечен и тој ја напушта болницата.Куќа од соништата (Dream House)Куќа од соништата (Dream House)Во имагинарниот свет кој Питер го создал за време на сеансите, одбивајќи да се соочи со трагедијата, тој креирал нов идентитет. Од шифрата W1-1L 8-10-10 под која се лекувал, го сменил името во Вил. Смислил нови имиња и за сопругата и за ќерките. Но, кога се враќа во куќата, на Питер полека почнува да му проработува потсвеста и да се присетува на некои работи. Најпрво не ја препознава неговата сосетка Ен Петерсон (Наоми Ватс) и блиска пријателка на неговото семејство. Таа станува свесна дека Питер сè уште не е излекуван и дека ги замислува мртвите ќерки и сопругата. Клопчето започнува да се одмотува кога на Питер му се причинува дека неговите ќерки гледаат како некој човек ги набљудува. Полицијата одбива да му помогне и тој одлучува да поведе сопствена истрага…Куќа од соништата (Dream House)Глума: Крег, Вајс и Ватс одлично се носат со улогите, но слободно можеме да кажеме дека сме ги виделе во многу подобро светло. Ова се едни од нивните посиромашни филмски ангажмани, во кои најверојатно повеќе би уживале на почетоците на нивната кариера. После овој филм, се роди нова љубов меѓу Крег и Вејс, која подоцна беше крунисана и со брак.Куќа од соништата (Dream House)Кога и како да го гледате: Веднаш да ви кажеме дека овој филм не беше баш најдобро прифатен од филмските критичари. Некои го оценија како тотално промашување. Но, од публиката доби малку поинаков одговор, па затоа и ви го препорачуваме.

„Куќа од соништата“ е најдобро да го гледате на крајот од неделата, сами или со вашите кино-сојузници, со кои подоцна би можеле да дебатирате дали познавачите на филмот се во право или сè е до вкусовите и на крајот на краиштата, главниот збор го има публиката. Сместете се удобно во омилената фотелја или на каучот, не заборавајте ги грицките, бидејќи некои сцени се неми и траат малку подолго од вообичаеното, па тишината ќе можете да ја разбиете со крцкавите звуци. 🙂Куќа од соништата (Dream House)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. Sanja Reply

    Filmot e bas dooobar, jas uzivav gledajki go! Neizvesen psiholoski triler koj so povremenite presvrti ja odrzuva napnatosta vo istiot! Toplo go preporacuvam na ljubitelite na ovoj zanr 🙂

Остави коментар