Краток филм кој не би смееле да го погледнете: Кој е Адолф Хитлер?

Краток филм кој не би смееле да го погледнете: Кој е Адолф Хитлер?

„Адолф Хитлер одобрил убиство на 11 милиони луѓе, вклучувајќи и 6 милиони Евреи преку она што се нарекува холокауст. Во Германија се забранети статуи од Хитлер, а неговиот нацистички поздрав е нелегален. Во Австрија ако само го одречете постоењето на холокаустот, ќе ве фрлат во затвор. Германија толку сака да го задржи сеќавањето за тој хорор, што децата имаат задолжително образование за холокаустот во училиште. Тоа е затоа што, со право е речено дека оние кои ја забораваат историјата, осудени се да ја повторат.“

Вака почнува 33-минутниот филм на еврејскиот протестант Реј Комфорт „180: Changing the Heart of a Nation“ или повеќе познат како „180 Movie“. Во него тој води дијалози на улиците најчесто со студенти на кои им поставува прашања во врска со холокаустот, абортусот и религијата, што на крај доведува до менување на нивното мислење во врска со овие теми.

kratok-film-koj-ne-bi-smeele-da-go-poglednete-koj-e-adolf-hitler-kafepauza.mk

Најголемата контроверзност во овој филм е што 50.000.000 извршени абортуси во САД се споредуваат со убиството на Евреите на кои им биле скратени човековите права и правото на живот. Филмот се појави во септември, 2011 и веднаш постигна милионска гледаност на Јутјуб, а маркетинг компаниите одбиле да ја работат неговата промоција.

Филмот засега нема превод на македонски, но можете да го гледате избирајќи јазик на некоја од околните земји.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар