Филмски маратон со Бред Пит

Филмски маратон со Бред Пит

Од првото појавување на филмското платно па сè до денес, Бред Пит важи за еден од најпривлечните и најпосакувани мажи во светот. Неговиот приватен живот постојано добива големо медиумско внимание, па луѓето некако забораваат дека тој првенствено е актер кој зад себе има голем број извонредни филмови.

Филмски маратон со Бред Пит

Холивудските критичари често му забележуваат дека прави погрешни избори на улоги, односно дека игра ликови кои се тешки за глумење, а истовремено и не се премногу атрактивни за широката публика. Иако ова на прв поглед не звучи убаво, може да претставува гаранција дека следниве неколку филмови се навистина добри и го заслужуваат вашето внимание.

Седум (Se7en)

Филмски маратон со Бред ПитГодина: 1995

Актери: Бред Пит, Морган Фримен, Кевин Спејси

Жанр: трилер, мистерија

Наша оценка: 9

Кратка приказна: Морган Фримен и Бред Пит глумат детективи кои се во потрага по свиреп убиец којшто преку убиствата го покажува својот револт кон владеењето на седумте смртни гревови во светот.


Дрвото на животот (The Tree of Life)

Филмски маратон со Бред ПитГодина: 2011

Актери: Бред Пит, Шон Пен, Џесика Честејн

Жанр: драма

Наша оценка: 9

Кратка приказна: Филмот ја следи приказната на едно момче од Тексас и неговиот живот од детството во педесеттите години на минатиот век и конфликтите со авторитетниот татко, па сè до зрелоста кога бара одговори поради некои разочарувања.


Манибол (Moneyball)

Филмски маратон со Бред ПитГодина: 2011

Актери: Бред Пит, Џона Хил, Робин Рајт

Жанр: спортска драма

Наша оценка: 10

Кратка приказна: Ова е филмот кој на Бред Пит му донесе и номинација за „Оскар“ и едно од неговите најдобри остварувања. Тој го глуми менаџeрот на бејзбол тимот Оукленд Атлетикс, кој откако ќе ги изгуби главните ѕвезди ќе мора да најде начин како со ограничен буџет да стигне до нов успех. До него ќе се обиде да стигне на многу неконвенционален начин, а во тоа ќе му помогне интелигентниот Питер Бренд (Џона Хил).


Боречки клуб (Fight Club)

Филмски маратон со Бред ПитГодина: 1999

Актери: Бред Пит, Едвард Нортон, Елена Бонам Картер

Жанр: драма, мистерија

Наша оценка: 10

Кратка приказна: Едвард Нортон глуми несоничар кој барајќи решение на својот проблем ќе налета на харизматичниот Тајлер Дарден (Бред Пит). Тајлер е сето она што ликот на Нортон посакува да биде, па бргу ќе се спријатели со него и ќе основаат илегален боречки клуб. Кога работите ќе почнат да излегуваат од контрола, ликот на Нортон ќе почне да се осознава себеси.


Мексиканец (The Mexican)

Филмски маратон со Бред ПитГодина: 2001

Актери: Бред Пит, Џулија Робертс, Џејмс Гандолфини

Жанр: акција

Наша оценка: 9

Кратка приказна: Џери Велбек заработува извршувајќи одредени работи за некои криминалци. Откако ќе ѝ вети на неговата сопруга дека престанува со ова занимање, ќе добие задача да го врати пиштолот наречен Мексиканец од Мексико во САД. Следува интересна акција во која ќе се обиде да ја заврши последната задача и да ја зачува сопругата.


Бабел (Babel)

Филмски маратон со Бред ПитГодина: 2006

Актери: Бред Пит, Кејт Бланшет, Гаел Гарсија Бернал

Жанр: драма

Наша оценка: 9

Кратка приказна: Ова се смета за еден од најдобрите актерски перформанси на Бред Пит досега. Бабел е замрсена приказна која поврзува четири различни семејства на различни локации во светот, но главно се движи околу трагедијата на една брачна двојка во пустината во Мароко.


Троја (Troy)

Филмски маратон со Бред ПитГодина: 2004

Актери: Бред Пит, Ерик Бана, Орландо Блум

Жанр: акција, авантура

Наша оценка: 8

Кратка приказна: Троја е екранизација на Хомеровиот еп Илијада, којшто ја следи војната меѓу Грците и Тројанците чиј повод е грабнувањето на убавата Елена од Троја. Филмот се памети и по борбата помеѓу Ахил и Хектор, една од највпечатливите филмски борби во поново време.


Неславни копилиња (Inglourious Basterds)

Филмски маратон со Бред ПитГодина: 2009

Актери: Бред Пит, Кристоф Волц, Мелани Лоран

Жанр: воена драма

Наша оценка: 10

Кратка приказна: Извонреден филм режиран од Квентин Тарантино во кој Бред го игра американскиот поручник Алдо Рејн, евреин-водач на тајна единица американски војници чија цел е да го убијат нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, и тоа во текот на војната. Главен противник во нивната мисија ќе биде офицерот Ханс Ланда, маестрално одигран од Кристоф Волц.


Седум години на Тибет (Seven Years in Tibet)

Филмски маратон со Бред ПитГодина: 1997

Актери: Бред Пит, Дејвид Тулис

Жанр: авантура, биографија

Наша оценка: 7

Кратка приказна: Вистинска приказна за Австриецот Хајнрих Харер и неговото пријателство со Далај Лама на Тибет, и тоа токму во времето кога Кина ја окупира малата држава.


Легенди на есента (Legends of the Fall)

Филмски маратон со Бред ПитГодина: 1994

Актери: Бред Пит, Ентони Хопкинс, Ејдан Квин, Џулија Ормонд

Жанр: драма, романса

Наша оценка: 7

Кратка приказна: Топла интересна приказна за тројца браќа и нивниот татко, сместена на една фарма на почетокот на дваесеттиот век. Филмот го следи нивниот животен пат на кој влијаат војните, љубовта и една прекрасна жена.


Единасетмината на Оушн (Ocean’s Eleven)

Филмски маратон со Бред ПитГодина: 2001

Актери: Џорџ Клуни, Џулија Робертс, Бред Пит, Мет Дејмон

Жанр: трилер

Наша оценка: 8

Кратка приказна: Единаестмината на Оушн е првиот дел од трилогијата во која Дени Оушн (Џорџ Клуни) е водач на група која ги ограбува најдобро обезбедуваните казина во Лас Вегас. Ако го изгледате првиот дел, ќе сакате да ги гледате и останатите.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар