Филм: Зимска приказна (Winter’s Tale)

Филм: Зимска приказна (Winter’s Tale)

Ова не е вистинска приказна, ова е вистинска љубов

Филм: Зимска приказна (Winter’s Tale)Режија: Акива Голдсмен

Улоги: Колин Фарел, Џесика Браун Финдли, Расел Кроу, Џенифер Конели

Времетраење: 118 минути

Јазик: англиски

Премиера: 14 февруари 2014

Жанр: драма, фантазија, мистерија

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (31 гласа, просек: 8,52 од 10)
Loading...

Што ако некогаш одамна на небото немало ѕвезди? Што ако ѕвездите не се она што ние мислиме дека се? Што ако светлината не доаѓа од зраците на далечните сонца, туку од нашите крилја кога се претвораме во ангели? Судбината нѐ повикува сите. Постои свет позади светот каде што сите ние сме поврзани како дел од голем план во движење. Магијата е секаде околу нас, вие само треба да ја побарате. Да погледнете подобро. Бидејќи дури ни времето ни далечината не се она што изгледаат дека се.

Филм: Зимска приказна (Winter’s Tale)

Сите ние сме поврзани. Секое родено бебе носи чудо во себе. Уникатна цел. И тоа чудо е ветено на само една личност и на никоја друга. Ние сме патници на пат кон судбината за да ја најдеме таа една личност за која нашето чудо било наменето. Но, бидете предупредени. Како што трагаме по светлината, така темнината се собира. И вечната борба помеѓу доброто и злото не се војувала со огромни војски, туку со по еден живот во одреден период.

Филм: Зимска приказна (Winter’s Tale)

Приказната започнува со задишаниот крадец Питер Лејк (Колин Фарел) кој се обидува да избега од група луѓе предводени од Перли Соумс (Расел Кроу). И токму кога ќе помислите дека нема каде да продолжи, ќе се појави магичен бел коњ кој ќе го извлече од неволјата и ќе го одведе на сигурност. Од друга страна, приказната нѐ води и во животот на Беверли Пен (Џесика Браун Финдли), девојка која има неизлечива болест. Таа постојано се обидува да биде силна поради нејзините најблиски, а во болеста успева да најде и една позитивна страна. Кога има треска, таа вели дека насекаде гледа светлина која ги поврзува сите нешта околу неа.

Филм: Зимска приказна (Winter’s Tale) Филм: Зимска приказна (Winter’s Tale)

Питер Лејк подготвен да си оди од градот засекогаш, ќе биде предомислен од страна на коњот. Поради некоја причина, неговиот коњ ќе застане покрај една куќа и нема да сака да продолжи по нивниот пат. Питер ќе го сфати ова како знак, како последно ограбување пред да си оди и ќе се упати кон куќата велејќи си на себе дека не знае што е полошо, дали коњ кој не си го слуша својот сопственик или пак, сопственик кој си го слуша својот коњ. Но, токму ова застанување ќе испадне дека е најдоброто нешто што може да му се случи. Тој ќе ја запознае Беверли. И тоа што ќе се случи понатаму, едноставно не може да биде објаснето со зборови.

Филм: Зимска приказна (Winter’s Tale) Филм: Зимска приказна (Winter’s Tale)

Оваа приказна не е за секого. Дури и самиот Колин Фарел вели дека станува збор за филм кој е едноставно премногу сладок. Но, истовремено и многу прекрасен и полн со оптимизам и добрина. Со други зборови, во овој филм нема да видите ни трошка злоба. И токму поради тоа оние кои сакаат ваков вид приказни несомнено ќе уживаат во текот на целиот филм. Доколку решите да го гледате, вие ќе бидете пренесени во еден свет каде што чудата се секојдневна појава и каде што љубовта е доволна за да врати некого во живот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар