Филм: Возрасни 2 (Grown Ups 2)

Филм: Возрасни 2 (Grown Ups 2)

Тие се подготвени да направат сè за своето семејство… освен да пораснат!

Филм: Возрасни 2 (Grown Ups 2)Режија: Денис Дуган

Улоги: Адам Сендлер, Кевин Џејмс, Крис Рок, Дејвид Спејд, Селма Хаек

Времетраење: 101 минута

Јазик: англиски

Премиера: 12 јули 2013

Жанр: комедија

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (25 гласа, просек: 8,28 од 10)
Loading...

Доколку сте го гледале првиот дел, сигурни сме дека веќе знаете што да очекувате и од овој. Четворицата пријатели, по одлично поминатото лето пред неколку години, тргнуваат во потрага по нови начини да западнат во неволја.

Филм: Возрасни 2 (Grown Ups 2)

Лени (Адам Сендлер) одлучува да го донесе семејството во својот мал роден град, со цел да им обезбеди подобар и побезбеден живот. Тие полека ги напуштаат своите навики од големиот град и се приспособуваат на новиот начин на живеење. Приказната започнува за време на последниот училишен ден и токму тогаш Лени и неговите најдобри пријатели ќе почнат да сфаќаат колку нивните деца наликуваат на нив.

Филм: Возрасни 2 (Grown Ups 2) Филм: Возрасни 2 (Grown Ups 2)

Бидејќи летото започнува, тие решаваат да направат нешто што го правеле од многу мали, но изгледа дека нивното омилено место покрај езерото има нови „сопственици“ – студенти. Ова запознавање нема да заврши добро за возрасните. Но, вистинската војна ќе започне кога студентите ќе дознаат дека нивниот дом е целосно уништен и ќе претпостават дека Лени и неговите пријатели се виновни за тоа што се случило. Додека тие ја подготвуваат одмаздата, родителите се обидуваат да најдат различни начини на кои би можеле да им помогнат на своите деца да се справат со секојдневните проблеми кои ги носи животот и растењето.

Филм: Возрасни 2 (Grown Ups 2) Филм: Возрасни 2 (Grown Ups 2)

Овој филм има сè што и е потребно на една комедија за да биде забавна и успешна. Впрочем, зарем може да се очекува неуспех од ретро забава под маски каде што ќе наидете на насилници, возач на автобус со шизофренија, пијан полицаец на скии, опсесивно заљубена девојка и уште многу други комбинации во вистинското време и на вистинско место со цел да создадат една сосема луда и необична ситуација која ќе ве насмее до солзи?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар