Филм: Вондер вуман (Wonder Woman)

Филм: Вондер вуман (Wonder Woman)

Пред да стане Чудесната жена, таа беше Дијана, принцезата од Темискира, воин на Амазонките

(1) film-vonder-vuman-wonder-woman-www.kafepauza.mkРежија: Пети Џенкинс

Улоги: Гал Гадот, Крис Пајн, Робин Рајт

Времетраење: 141 минута

Премиера: 2 јуни 2017

Јазик: англиски

Жанр: акција, авантура, фантазија

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (13 гласа, просек: 9,85 од 10)
Loading...

 

Не се сеќавам кога последен пат сум гледала филм што толку многу ме расположил и ме мотивирал. Мислам дека конечно ги разбирам мажите што стануваат „хипер“ кога ќе изгледаат некоја акција од овој вид со машка главна улога – откако ја гледав Дијана како се бори на филмското платно, се почувствував како да можам сама да натепам цел куп негативци! И да, конечно добивме суперхеројски филм каде што жена има главна улога и уште поважно – што е режиран од страна на друга жена! И тој е сосема различен од сè што досега сме имале можност да гледаме. Не мислам во однос на приказната, којашто иако е уникатна сама по себе, сепак е типична како за претставување на еден суперхерој, во овој случај – суперхеројка! Она што го издвојува овој филм од останатите е ликот на хероината, односно Дијана.

(3) film-vonder-vuman-wonder-woman-www.kafepauza.mk (6) film-vonder-vuman-wonder-woman-www.kafepauza.mk

Дијана, ќерката на кралицата Хиполита, принцезата од Темискира, целиот свој живот го поминала меѓу Амазонките. Тие ја изградиле во личноста што е денес – чиста, невина и добра душа со желба да му помага на човештвото. И најважно од сè, од неа направиле и голем воин. Но таа не ги користи своите способности, ниту пак моќта за напад, туку за заштита на оние што не можат самите да се одбранат. Нејзината единствена цел е да го заштитува човештвото од оние што сакаат да го уништат, како Арес – богот на војната. Нејзината желба за мир може да се почувствува низ големото платно, и е толку заразна, што ќе ве натера и самите да се вклучите во некоја добротворна организација за да им помагате на оние што не можат да се грижат за себе.

(7) film-vonder-vuman-wonder-woman-www.kafepauza.mk (5) film-vonder-vuman-wonder-woman-www.kafepauza.mk

Гал Гадот, актерката што ја „оживува“ Дијана, толку совршено ја одигрува својата улога што едноставно нема да ви се верува дека таа само глуми. Истата комбинација од нежност и сила што го содржи нејзиниот лик, се забележува и кај неа, па затоа и таа делува толку реално, толку опипливо. Поради оваа карактеристика лесно ќе се ставите во нејзините чизми и ќе се инспирирате да бидете подобра личност од претходно. Тука мора да се спомне и Крис Пајн (Стив Тревор), што едноставно го извлекува најдоброто од неа, како и останатата актерска екипа – не постои ниту еден актер, главен или спореден лик, што не се чувствува како да припаѓа токму во тој свет.

(4) film-vonder-vuman-wonder-woman-www.kafepauza.mk (2) film-vonder-vuman-wonder-woman-www.kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар