Филм: Шифра Вујче (The Man from U.N.C.L.E.)

Филм: Шифра Вујче (The Man from U.N.C.L.E.)

Во 1960-тите, агент од ЦИА и оперативец од КГБ се здружуваат за да неутрализираат закана од светски размери

Филм: Шифра Вујче (The Man from U.N.C.L.E)Режија: Гај Ричи

Улоги: Хенри Кавил, Армие Хамер, Алисија Викандер

Времетраење: 116 минути

Јазик: англиски

Премиера: 14 август 2015

Жанр: акција, авантура, комедија

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (11 гласа, просек: 8,73 од 10)
Loading...

Во 1960-тите години, додека сè уште трае Студената војна, агентот од ЦИА, Наполеон Соло (Хенри Кавил), ѝ помага на Габи Телер (Алисија Викандер) да избега преку Берлинскиот ѕид, во Западна Германија. Тие едвај успеваат да избегаат од застрашувачкиот оперативец од КГБ, Илја Курјакин (Армие Хамер). Но, по неочекуван пресврт на настаните, овие тројца ќе мора да ги здружат силите со цел да го спречат таткото на Габи да создаде нуклеарна бомба за приватна криминална организација. И покрај нивните разлики, тие ќе мора да најдат начин како да соработуваат со цел да се задржи светскиот мир.

(1) Филм: Шифра Вујче (The Man from U.N.C.L.E) (2) Филм: Шифра Вујче (The Man from U.N.C.L.E)

Овој филм е базиран според ТВ серијата со исто име која се емитувала во 60-тите години. Токму затоа и воопшто не изненадува фактот дека филмот беше нетрпеливо очекуван од голем број луѓе. За среќа, тој ги исполни сите наши очекувања. Актерите се одлично одбрани, доближувајќи ни ги ликовите поблиску до нас и создавајќи ни илузија како и ние да сме таму покрај нив. Сите филмови кои успеваат да го постигнат тоа се дефинитивно вредни за гледање. Од друга страна, хуморот во приказната е бесценет. Постојаното ривалство помеѓу Наполеон и Илја, како и романтичните моменти помеѓу Габи и Илја без сомнение ќе ви ја задржат насмевката во текот на целиот филм. Па, доколку имате слободно време викендов, дефинитивно ви препорачуваме да го гледаме.

(3) Филм: Шифра Вујче (The Man from U.N.C.L.E) (4) Филм: Шифра Вујче (The Man from U.N.C.L.E)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар