Филм: Пурпурен врв (Crimson Peak)

Филм: Пурпурен врв (Crimson Peak)

Во обид да избега од духовите во нејзиното минато, таа е одведена во куќа која дише, крвави и се сеќава…

(1) Филм: Пурпурен врв (Crimson Peak)Режија: Гилермо Дел Торо

Улоги: Миа Васиковска, Џесика Честеин, Том Хидлстон

Времетраење: 119 минута

Јазик: англиски

Премиера: 16 октомври 2015

Жанр: драма, фантазија, хорор

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (14 гласа, просек: 9,36 од 10)
Loading...

Станува збор за хорор со длабока приказна и екстремно застрашувачки сцени – комбинација која сè поретко може да се најде во овој жанр. Но, имајте на ум дека овој филм истовремено е и драма, па токму затоа акцентот е ставен врз развивањето на приказната, а не врз типичните хорор сцени кои најчесто вклучуваат средби со духови и брутални убиства. Накратко, во овој филм има совршен баланс помеѓу бавното запознавање на ликовите, вклучувајќи го нивниот начин на живот и интензивните крвави сцени кои ќе ве натераат да ги прекриете вашите очи со дланките.

(2) Филм: Пурпурен врв (Crimson Peak) (3) Филм: Пурпурен врв (Crimson Peak)

Пурпурен врв исто така се издвојува и со совршениот избор на актери кои се одлични во она кое го прават. Типичните хорор филмови најчесто вклучуваат почетници и актери кои сè уште учат како да глумат, па токму затоа и фокусот се става на оние сцени каде единствениот талент кој ви е потребен е да знаете силно да врискате. Но, кога ќе се спојат Миа Васиковска, Џесика Честеин и Том Хидлстон, едноставно не може да не се создаде вистински застрашувачка магија. Без сомнение ќе сочувствувате со ликовите кои ќе допрат до вас благодарение на одличниот перформанс на овие добро познати актери.

(4) Филм: Пурпурен врв (Crimson Peak) (5) Филм: Пурпурен врв (Crimson Peak)

Приказната се врти околу младата Идит (Миа Васиковска) која има необична способност да ги гледа духовите кои починале од насилна смрт. Таа е писателка која се обидува да се пробие во овој машки свет, додека истовремено е и млада девојка која сè уште не почнала целосно да го живее својот живот. Токму затоа и лесно ќе биде заведена од мистериозниот Томас Шарп, кој заедно со својата сестра Лусил, ќе ја одведат во нивниот огромен дом кои тие даваат сè од себе за да го одржат врз темелите. Но, она кое тие не го знаат е дека во оваа куќа живеат многу повеќе души кои навреме ќе ја предупредат младата Идит за нејзината навидум запечатена судбина…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар