Филм: Монтевидео, се гледаме! (Montevideo, vidimo se!)

Филм: Монтевидео, се гледаме! (Montevideo, vidimo se!)

Сонот станува јаве

Филм: Монтевидео, се гледаме! (Montevideo, vidimo se!)Режија: Драган Бјелогрлиќ

Улоги: Милош Биковиќ, Петар Стругар, Виктор Савиќ, Арман Асанте

Времетраење: 141 минути

Јазик: српски, англиски, шпански, француски

Премиера: 20 февруари 2014

Жанр: комедија, авантура

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (20 гласа, просек: 8,65 од 10)
Loading...


Многу е веројатно дека веќе сте го гледале првиот дел од филмот, насловен како „Монтевидео, Бог те видео“, а можеби сте ја гледале и серијата. Во секој случај, ретко кој не ја знае приказната од вистинскиот живот за група млади ентузијасти од Белград кои, вљубени во една нова заразна игра со топка, бараат начин како да отпатуваат на првото светско фудбалско првенство. Успеваат некако да соберат пари на крајот на првиот дел и тргнуваат на долг пат кон Уругвај.

Филм: Монтевидео, се гледаме! (Montevideo, vidimo se!) Филм: Монтевидео, се гледаме! (Montevideo, vidimo se!)

А, малиот Станоје (Предраг Васиќ) раскажувањето на нивната авантура во вториот дел ја започнува од моментот кога фудбалерите стигнуваат таму, а продолжува и завршува со натпреварите од светското првенство. А кога тие натпревари започнуваат, секој љубител на фудбалот ќе ги вклучи подобро своите сетила за да восприеми што е можно повеќе од врвната драматика, возбуда и емоции со кои режисерот Бјелогрлиќ ги пренесува натпреварите. Чиниш, Златко Калински го напишал сценариото. Дури и кога на теренот не се случува кој знае што, во овој филм тоа пак е интересно, затоа што фудбалските моменти се одлично искомбинирани со другите работи кои ги третира филмот.

Филм: Монтевидео, се гледаме! (Montevideo, vidimo se!) Филм: Монтевидео, се гледаме! (Montevideo, vidimo se!)

„Монтевидео, се гледаме“ е филм за победите и поразите, за правдата и неправдата, за другарството и тимскиот дух, за созревањето и за тоа како еден важен животен настан може да обликува еден млад човек. Тој не е само фудбал, туку во него се вметнати и љубовните авантури на фудбалерите, нивните впечатоци од новиот свет со коишто прв пат се соочуваат и влијанието на тој свет врз нивниот поглед на светот. Сето тоа е раскажано со топол, шармантен и хумористичен (балкански) тон со кој добро се запознавме во првиот дел и кој направи со нетрпение да го очекуваме вториот. Сега веќе има место и за трет дел. Нека стигне побрзо, затоа што „Монтевидео“ е еден од оние филмови кои прави да се чувствувате убаво на крајот. Па, кој не сака да гледа таков филм?

Филм: Монтевидео, се гледаме! (Montevideo, vidimo se!)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Magdalena Reply

    Прекрасен филм! Топло го препорачувам!

Остави коментар