Филм: Луси (Lucy)

Филм: Луси (Lucy)

Автор: Златко Ѓорѓијоски

Просечниот човек употребува само 10% од својот мозок. Замислете што сè би можел со 100%?!

1-film-lusi-lucy-kafepauza.mk

Режија: Лук Бесон

Улоги: Скатлет Јохансон, Морган Фримен, Амр Вејкд, Мин-сик Чои

Времетраење: 89 минути

Јазик: англиски

Премиера: 25 јули 2014

Жанр: акција, научна фантастика, трилер

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (35 гласа, просек: 9,17 од 10)
Loading...

Во ладни и врнежливи денови како овие есенскиве сигурно често ви доаѓа после работа да ја откажете пијачката со колегите и да посакате да изгледате еден квалитетен филм. Ако сакате трилер-акции со примеси на научна фантастика, тогаш „Луси“ е вистинскиот избор за вас. Класична акција која од сосема мирна приказна преоѓа во незамисливо хаотичен трилер. Бидете подготвени, во текот на гледањето нивото на адреналин ќе ви се менува исто како што се менува неизвесноста во филмот.

2-film-lusi-lucy-kafepauza.mk

Сторијата е пренесена хронолошки и паралелно откако Луси, која студира и живее во Тајпеј, е вовлечена во работа како дилерски курир од страна на нејзиното ново момче, чијшто работодавач е г. Јанг, главниот нарко дилер во тоа подрачје. Луси ја доставува нарачката со високо вредната синтетичка дрога CPH4. Гледајќи го убиството на своето момче, таа е киднапирана и кесичката со дрога ѝ е насилно сошиена во стомакот. Заплетот настанува кога супстанцијата од кесичката несреќно ќе навлезе во нејзиниот крвоток.

10-film-lusi-lucy-kafepauza.mkLUCY 5-film-lusi-lucy-kafepauza.mk

Како што хронолошки се прикажуваат дејствијата на опијатите врз главниот опортунист, паралелно се случуваат многу научни и полициски акции кои имаат огромен удел во перфекцијата на филмот. Со овој филм режисерот покажува дека и малите луѓе можат на сосема необичен начин преку ноќ да се предефинираат во светски херои, и така да помогнат за развојот на човештвото. Покрај тоа, главната порака на филмот остава многу простор за размислување на темата: Што би било доколку би користеле поголем процент од мозокот? И додека гледате, сигурно ќе посакате да сте на местото на Луси.

7-film-lusi-lucy-kafepauza.mk9-film-lusi-lucy-kafepauza.mk

Сума сумарум, „Луси“ е квалитетно парче филм, кое ќе ви ја разубави вечерта, а посебно ако сте љубители на научно-фантастичните трилер-акции. Ако ги исполни вашите очекувања сигурно ќе сакате и продолжение. Нема да ви кажам ништо повеќе за да не ви го одземам задоволството ако решите да го гледате. Само ќе ви речам: „Уживајте!“

4-film-lusi-lucy-kafepauza.mk8-film-lusi-lucy-kafepauza.mk6-film-lusi-lucy-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар