Филм: Лига на правдата (Justice League)

Филм: Лига на правдата (Justice League)

Брус Вејн и Дајан Принц собираат тим од херои што ќе ја штитат Земјата од секакви видови зло

(1) film-liga-na-pravdata-justice-league-www.kafepauza.mkРежија: Зек Снајдер (и Џос Видон)

Улоги: Бен Афлек, Гал Гадот, Џејсон Момоа

Времетраење: 120 минути

Премиера: 17 ноември 2017

Jазик: англиски

Жанр: акција, авантура, фантазија

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (7 гласа, просек: 7,57 од 10)
Loading...

 

Како голем љубител на универзумот на DC, лани имав огромни очекувања за Одредот на отпишаните (Suicide Squad). Со оглед на тоа што филмот беше еден од најлошите што некогаш сум ги гледала (не ме сфаќајте погрешно, имаше добри сцени и актерите беа одлични, но приказната изобилуваше со дупки што го уништуваат уживањето), овој пат, да се заштитам од тотално разочарување, отидов во кино без никакви очекувања. Всушност, можеби дури имав и ниски очекувања, бидејќи според трејлерите што ги гледав, имав чувство дека тие ги повториле истите грешки од првиот филм.

(4) film-liga-na-pravdata-justice-league-www.kafepauza.mk

И имав право. Лига на правдата (Justice League) е можеби и полош од својот претходник. Не само што истите грешки се повторени, туку се направени и многу нови. Тие пробале да спакуваат настани за барем три филмови во еден, притоа терајќи нè да се бориме со брзината на развивањето на настаните за само да останеме во тек. Да не зборувам за фактот дека љубителите на филмовите не сакаат само да ги гледаат работите како се случуваат пред нивните очи, туку сакаат да се претопат во приказна полна со детали и богати ликови, и да се чувствуваат како и ним да им се случува истото, како тие да се таму заедно со хероите што од срце ги обожаваат.

(3) film-liga-na-pravdata-justice-league-www.kafepauza.mk

Наместо тоа, приказната е преполна со дупки, нема никаков тек при развивањето на настаните, ефектите се слабо изработени и главните ликови изгледаат толку изгубено во сцените што на моменти ќе се нервирате до тој степен што ќе посакате да влезете низ филмското платно во нивниот свет и да им удрите по една шлаканица на сите за малку да ги освестите. Единствената позитивна работа во филмот е Вондер вуман, која заслужено ја следи одлична репутација по својот соло филм од годинава. Таа воведува малку свежина во монотонијата на останатите ликови и ја осветлува секоја сцена во која зачекорува. Што се случува со другите, никому не му е јасно. Ниту со филмот…

(2) film-liga-na-pravdata-justice-league-www.kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар