Филм: Извештај за Европа (Europa Report)

Филм: Извештај за Европа (Europa Report)

Задолжителен филм за искрените љубители на научна фантастика

Филм: Извештај за Европа (Europa Report)Режија: Себастијан Кордеро

Улоги: Шарлто Копли, Михаел Никвист, Анамарија Маринка

Времетраење: 90 минути

Јазик: англиски

Премиера: 27 јуни 2013

Жанр: научно-фантастичен трилер

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (12 гласа, просек: 8,00 од 10)
Loading...

Тешко дека досега сте слушнале за овој филм, уште потешко е да се очекува дека сте го изгледале. Ваквиот тип научно-фантастични трилери едноставно не го добиваат заслуженото внимание поради тоа што содржат алтернативни елементи и тивко им го отстапуваат своето место на надуените блокбастери кои на разни површни начини го покриваат недостатокот на квалитетна содржина. А оние од типот на „Извештај за Европа“ и тоа како вреди да се изгледаат.

Филм: Извештај за Европа (Europa Report)

Во него нема ниту акција нашминкана со бројни визуелни ефекти, ниту клише приказна, ниту во главните улоги се маж и жена кои потајно копнеат еден по друг. Тоа е нискобуџетен филм кој наликува на документарците за мисиите на НАСА, наоружан е со главно анонимни актери, неколку спектакуларни вселенски пејзажи и многу наука. Токму последното е она што му дава тежина и го прави занимлив.

Филм: Извештај за Европа (Europa Report)

Го раскажува измисленото прво патување на астронаути на Европа, сателитот на Јупитер за кој се верува дека може да содржи ресурси за живот. Ја следи мисијата од почеток до крај, одблизу прикажувајќи го секојдневието на астронаутите таму длабоко во вселената. Ликовите се многу реални. Не се херои туку личат на нормални луѓе кои отишле таму да си ја завршат работата за која се пратени. Но, тоа не го прави дејствието здодевно, туку напротив, совршено ја доловува нивната страст да го истражуваат непознатото и да стигнат таму каде што никој друг порано не бил.

Филм: Извештај за Европа (Europa Report)

Ќе се соочат со многу препреки во нивното патување. По само шест месеци ќе ја загубат можноста да контактираат со Земјата, ќе се соочуваат и со други дефекти и разни опасности по животот. Токму тие моменти даваат слика за нивната посветеност во извршувањето на мисијата. Не им е толку важен сопствениот живот колку што копнеат да откријат дали на Европа има можност за живот.

Филм: Извештај за Европа (Europa Report)

„Извештај за Европа“ ја става науката во прв план. Тоа го прави задолжителен за сите оние кои уживаат да читаат и да слушаат за истражувањата на вселената, но веројатно не и за оние кои бараат некаква акција во замислени светови некаде далеку од Земјата. Ова е по малку бавен филм во кој најмногу ќе уживаат оние кои сакаат бегство во вселената, кое истовремено изгледа реалистично.

Филм: Извештај за Европа (Europa Report)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар