Филм: Голема илузија (Now You See Me)

Филм: Голема илузија (Now You See Me)

Илузија која ја воодушевува публиката, но во целата претстава има и нешто повеќе од трик

Филм: Голема илузија (Now You See Me)Режија: Луи Ретери

Улоги: Џеси Ајзенберг, Марк Рафало, Вуди Харелсон, Ајла Фишер, Дејв Франко, Морган Фримен

Времетраење: 115 минути

Јазик: англиски

Премиера: 11 јули 2013

Жанр: мистерија, трилер, криминалистика

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (72 гласа, просек: 9,61 од 10)
Loading...

Четири независни илузионисти ненадејно добиваат специјална карта која значи привилегирана покана за нешто многу важно. Така тие се собираат на едно место, најпрво не знаејќи зошто се таму. Една година подоцна, со поддршка од нивниот спонзор Артур Трелсер, магнат во осигурителниот бизнис, тие изведуваат спектакуларна илзуионистичка претставаa во Лас Вегас, но токму завршната точка ги прави ултрапопуларни, како и мета на ФБИ.

Но, ФБИ нема јак случај против нив, бидејќи и покрај наводите дека тие четворица се одговорни за големата кражба која се случила во една француска банка, сепак не постојат цврсти докази со кои би ги сместиле зад решетките. За да биде така, ФБИ треба да признае дека верува во магија, а токму во тоа се состои трикот. Атлас, Меккинли, Ривс и Валјдер се секогаш минимум еден чекор пред ФБИ.Филм: Голема илузија (Now You See Me) Филм: Голема илузија (Now You See Me)Покрај четворицата јавачи, како што се познати групата илузионисти, дејството го води и ФБИ агентот Дилан Родс кој жестоко сака да ги приклешти. Нему на помош му доаѓа агентката од Интерпол, Алма Дреј, а во приказната е вклучен и Бредли (Морган Фримен) кој ги разоткрива триковите на илузионистите во неговото многу популарно телевизиско шоу. Ова за ФБИ детективот остава простор за сомнеж на повеќе страни.Филм: Голема илузија (Now You See Me)Филмот изобилува со сцени на воодушевување, кои често го лажат човечкото око, оставајќи му простор да сфати дали се работи за трик или не. Покрај убавите сцени со блескави бои, филмот воодушевува и со добра динамика, која се потпира на итра приказна. Гледлив е, а особено е забавен за во друштво. Со глумата (и местото во филмот) се истакнуваат Џеси Ајзенберг и Ајла Фишер, но шармира и Вуди Харелсон, како и секогаш беспрекорниот Морган Фримен. Филм: Голема илузија (Now You See Me)Филм: Голема илузија (Now You See Me)Доколку сте љубители на илузијата и го обожавате чувството да бидете измамени од магија, овој филм секако ќе ви се допадне. Но ова е само забавниот дел од приказната. Во суштина се работи за разоткривање на една голема вистина, па оттука сè што гледаме е дел од една „Голема илузија“.Филм: Голема илузија (Now You See Me)Мислењето на публиката е поделено. Па така и вам, можеби ќе ве воодушеви, можеби ќе ве разочара, но секако не би рекле дека залудно сте го потрошиле времето. Приказната која многупати се заплетува и расплетува, кулминира со крај кој можеби не е толку интересен колку целиот филм, но впрочем така е во светот на илузиите – исчекувањето и тензијата се многу повозбудливи од вистината за тоа како е изведен трикот. А ако ви се допадне трикот, веројатно со нетрпение ќе го очекувате второто продолжение.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар