Филм: Генијални умови (Masterminds)

Филм: Генијални умови (Masterminds)

Комедија базирана според вистински грабеж што се случил во 1997 година

(1) Филм: Генијални умови (Masterminds)Режија: Џаред Хес

Улоги: Зак Галифианакис, Кристен Виг, Овен Вилсон, Кејт МекКинон

Времетраење: 95 минути

Премиера: 30 септември 2016

Јазик: англиски

Жанр: акција, комедија, криминал

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (6 гласа, просек: 3,33 од 10)
Loading...

И покрај тоа што трејлерот можеби ќе ве изнасмее, како и фактот дека приказната црпи инспирација од вистински настан, сепак филмот не ги исполнува очекувањата што сигурно ги имате. Станува збор за еден грабеж од 1997 година, каде што ограбувачите украле 17 милиони долари во Северна Каролина. Во овој момент, тоа било една од најголемите кражби на пари на американското тло – но, овој филм без сомнение не е еден од најголемите во својот жанр.

(2) Филм: Генијални умови (Masterminds)(5) Филм: Генијални умови (Masterminds)

Зак Галифианакис ја толкува улогата на Дејвид Гант – личноста одговорна за заштита на сефот кој подоцна ќе биде ограбен. Тој всушност е човекот кој овозможил овој грабеж да се случи. Дејвид е средновековен губитник кој копнее по возбуда, па затоа и Кели Кампбел (Кристин Виг), неговата поранешна соработничка, како и Стив Чејмберс (Овен Вилсон), нејзиниот пријател, лесно ќе го манипулираат со цел да го добијат тоа што ми е потребно за да успеат во својата намера.

(7) Филм: Генијални умови (Masterminds) (6) Филм: Генијални умови (Masterminds)

Како што веќе спомнавме, филмот не ги исполнува очекувањата кои светот ги имаше, како од приказната, така и од тимот актери. Но, сепак, доколку сте љубители на апсурдните комедии со детска смисла за хумор и ве забавуваат урнебесните костими и перики што ги носат карактерите во ваквите приказни, тогаш овој филм со сигурност ќе ве насмее. Ако ништо друго, со сигурност ќе уживате во перформансот на Зак, кој игра уште една типична улога за неговиот карактер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар