Филм: Ѕвездата е родена (A Star is Born)

Музичар ѝ помага на млада пејачка да пронајде слава, додека неговата кариера полека се распаѓа од годините и алкохолизмот

Режија: Бредли Купер

Улоги: Бредли Купер, Лејди Гага, Сем Елиот

Времетраење: 136 минути

Премиера: 25 октомври 2018

Јазик: англиски

Жанр: драма, музика, романса

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 0 votes, average: 0.00 out of 100 votes, average: 0.00 out of 100 votes, average: 0.00 out of 100 votes, average: 0.00 out of 100 votes, average: 0.00 out of 100 votes, average: 0.00 out of 100 votes, average: 0.00 out of 100 votes, average: 0.00 out of 100 votes, average: 0.00 out of 100 votes, average: 0.00 out of 10 (0 гласа, просек: 0.00 од 10, гласано)

Loading...

 

Станува збор за четвртата верзија на приказната од 1932-ра година, но овој пат во многу посвежо и помодерно издание. Дејството се одвива во денешно време, но сепак во основата делува како ретро драма од 70-тите. Во центарот на настаните се наоѓаат Џексон Мејн (Бредли Купер), и Али (Лејди Гага). Џексон е типичен алкохоличар и „лошо момче“, кој има изградено мала кариера во областа на рокенролот, но кој ја изгубил страста за оваа работа. Од друга страна пак, Али е нова во светот на музиката и се обидува да се пробие како пејачка и текстописец. Нивните животи ќе се спојат во клучен момент и тие ќе станат љубовници, како и партнери на сцената што ќе ги однесе на сосема нов пат во нивната кариера.

Тоа што најмногу воодушевува кај овој филм е неверојатниот перформанс на Лејди Гага. На моменти ќе ви делува како таа да е родена за оваа улога и како цел живот да се подготвувала само за овој филм. Од друга страна пак, сите знаеме дека нема улога што Бредли Купер не може да ја одигра. Тој исто така одлично се снаоѓа во неговата задача и ни претставува лик што едноставно не можете да не го засакате. Заедно, тие имаат магична хемија, правејќи го целиот филм многу повеќе од само уште една холивудска приказна за љубовта и музиката на големото платно.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар