Филм: Црн пантер (Black Panther)

Т’Чала, кралот на Ваканда, секојдневно се бори за да го заштити својот народ од секаков вид опасности

1Режија: Рајан Куглер

Улоги: Чедвик Боузмен, Мајкл Б. Џордан, Лупита Нјонг’о

Времетраење: 134 минути

Премиера: 16 февруари 2018

Јазик: англиски

Жанр: акција, авантура, научна фантастика

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (8 гласа, просек: 9.63 од 10)

Loading...

 

Нема сомнеж дека Марвел учи од своите грешки, како и дека ги слуша своите фанови. Фактот што секој нов филм е подобар од претходниот го докажува токму тоа. Имајќи го ова на ум, Црн пантер е еден од подобрите самостојни филмови на Марвел што нè води во толку детално создаден свет, со толку многу богати ликови, што лесно можеме да се замислиме и самите меѓу нив. Ова е клучно за љубителите на жанрот да можат да ѝ се препуштат на приказната и вистински да уживаат.

2 3

Приказната започнува со враќањето на Т’Чала (Чедвик Боузмен) во Ваканда за да го наследи тронот на татко си. Тој добива нова улога како заштитник на својата нација од сите надворешни и внатрешни опасности, додека истовремено ја крие и тајната за нивната напредна технологија и големото богатство. За надворешниот свет Ваканда е нација што има потреба од помош, но ова е внимателно конструирана лага за да се заштитат нивните ресурси од околните држави. Сепак, дури ни таму не тече мед и млеко по улиците, далеку од тоа, па Т’Чала ќе мора брзо да се адаптира на новата улога за да може да стане владетелот што му е потребен на неговиот народ.

4 5

Како и сите други Марвел филмови, така и овој е исполнет со многу акција што ќе ви го држи адреналинот на високо ниво. Што се однесува до самите актери, тие одлично се вклопуваат во своите улоги, и се исклучително динамични во текот на целиот филм. Сепак, очекувајте и неколку стереотипни „лигави“ сцени, како и малку избрзан завршеток. Ова нема да ја наруши магијата на целата приказна, но сепак треба да се има на ум. Сепак, филмот навистина вреди да се погледне, па ако имате слободно време периодов, ви препорачуваме да му дадете предност!

6 7

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар