Филм: Алита: Борбениот Ангел (Alita: Battle Angel)

Деактивиран женски киборг е повторно вратен во живот, но не може да се сети ништо за нејзиниот поранешен живот и тргнува на мисија за себеоткривање

Режија: Роберт Родригез

Улоги: Роза Салазар, Кристофер Волтс, Џенифер Конели

Времетраење: 122 минути

Премиера: 14 февруари 2019

Јазик: англиски

Жанр: акција, романса, научна фантастика

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 10 (1 гласа, просек: 9.00 од 10, гласано)

Loading...

 

Ако сте љубители на специфичните стрипови познати како Манга, тогаш без сомнение сте чуле за Воениот Ангел Алита! Станува збор за животот на тинејџерка-киборг која ќе биде откриена во далечната иднина на Земјата, без никакво сеќавање за нејзиното минато. Никој не знае од каде таа дошла, ниту пак зошто е толку напредна, како и експерт за одамна изгубените киборгски боречки вештини. Токму затоа и таа мора да се адаптира на новиот дистописки свет и да научи како да живее меѓу луѓе од кои е толку многу различна.

Овој филм е исполнет со доволно материјал за неколку продолженија. Затоа и на моменти ќе имате чувство како постојано нешто да се случува, а и ќе забележите брзо скокање од една на друга тема. Алита ќе истражува сериски убиец, ќе стане ловец на награди, ќе се заљуби, ќе се приклучи на смртоносна професионална киборг спортска лига и ќе ја открие вистината зад нејзиното постоење. Да, сето ова во само еден филм! Но, не грижете се. Иако е премногу материјал, сепак филмот е навистина забавен за гледање.

Па, ако сте расположени за оживување на една од најпопуларните Манга стрипови во светот, тогаш ова е најдобриот избор за вас! Роза Салазар, која ја толкува главната улога, е брилијантна во „кожата“ на Алита, а специјалните ефекти се нешто досега невидено. Нема да ви се верува дека поголемиот дел од филмот е компјутерска обработка, бидејќи сè изгледа толку реално! Покрај тоа, целата актерска екипа е брилијантно одбрана, а и приказната е нешто што уште долго ќе го паметите. Едвај чекам да излезе второто продолжение!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар