Чистилиштето од предградието (Suburgatory)

Чистилиштето од предградието (Suburgatory)

Автор: Александар Ниневски

Комедија за една девојка која е приморана да се пресели од Њујорк во здодевно предградие…

Чистилиштето од предградието (Suburgatory)Главни улоги: Џереми Систо, Џејн Леви, Ана Гастејер, Рекс Ли, Карли Чалкин, Шерил Хајнс

Жанр: комедија, ситком

Креатор: Емили Капнек

Премиера: 28 септември 2011

Број на сезони: 1 (во тек)

Времетраење: 20 минути

Наша оценка: 8

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (20 гласа, просек: 8,90 од 10)
Loading...

Приказна: Оваа интересна серија го опишува животот на една тинејџерка Теса во измисленото предградие на Њујорк кое се вика Четсвин. Кога Џорџ, таткото на Теса, пронаоѓа неотворена кутија со кондоми во нејзината соба, тие веднаш се преселуваат во предградието, за Џорџ да може подобро да ја контролира својата ќерка.Чистилиштето од предградието (Suburgatory)Во суштина, серијата ги прикажува разликите помеѓу градот и предградието во Америка преку ликот на Теса и иако тоа звучи здодевно, сепак серијата е доста интересна и забавна. Серијата на моменти потсетува на „Очајни домаќинки“ само со помалку драма и сплетки и со повеќе хумор.Чистилиштето од предградието (Suburgatory)Чистилиштето од предградието (Suburgatory)Екипа и глума: Иако голем дел од актерите во серијата се нови и непознати, сепак одлично си ја извршуваат работата. Покрај Теса и нејзиниот татко Џорџ, тука се и најпопуларната девојка во училиштето Далија и нејзината мајка Далас (која има доста интересни сцени со Џорџ). Потоа тука се и нивните соседи Шеј, кои се слика за идеално семејство, како и многу други помали ликови кои само ја надополнуваат одличната актерска екипа.Чистилиштето од предградието (Suburgatory)Чистилиштето од предградието (Suburgatory)Кога и како да ја гледате: Серијата може да ја гледате навечер за да се опуштите и насмеете во добро друштво.Чистилиштето од предградието (Suburgatory)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар