Челичната дама (The Iron Lady)

Челичната дама (The Iron Lady)

Автор: Симона Ристоска

Која е цената што треба да ја плати интелигентна и амбициозна жена во време во кое владеат мажите, уште повеќе, во светот на политиката?

Челичната дама (The Iron Lady)Режија: Филида Лојд

Сценарио: Аби Морган

Улоги: Мерил Стрип, Џим Броудбент, Александра Роуч, Ричард Е. Грант…

Времетраење: 105 минути

Јазик: англиски

Жанр: драма, биографија

Премиера: 13 јануари 2012

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (24 гласа, просек: 9,38 од 10)
Loading...


Оваа прекрасна, интимна приказна за животот на првата претседателка на Конзервативната партија и првата претседателка на Владата на Велика Британија, не може, а да не ве остави без зборови.  Приказна за неверојатната упорност и амбициозност на жената која не потклекна пред социјалните и полови бариери и остави свој траг во историјата.

Филмот ја следи нејзината борба за успех, непоколебливата верба во себеси  и патот што треба да го изоди една ќерка на трговец, за да дојде на позиција на првата жена премиер во Велика Британија и таму да остане цели 11 години.


Челичната дама (The Iron Lady)Приказна: Според голем дел од критичарите, освен беспрекорната глума на Мерил Стрип, филмот ја губи својата насока и не ѝ оддава доволно почит на самата Маргарет Тачер. Наводно, целата приказна се врти околу Маргарет, која веќе е во поизминати години и за жал страда од деменција, па токму поради тоа нејзините сеќавања врз кои се гради филмот се измешани и му додаваат некоја доза на конфузија. Но, од друга страна, токму тие сеќавања и халуцинации со веќе починатиот маж, даваат чувство за тоа со каква грижа на совест Маргарет се соочувала целиот свој живот, како успешна жена која поголем дел од времето го поминувала во канцеларија поради своите обврски, а не со своето семејство.Челичната дама (The Iron Lady)Иако поголем дел од критиките се однесуваат на недоволното време посветено на сите настани што се случувале во Велика Британија за време на владеењето на Тачер, сепак токму тоа остава доволно време за оние моменти на цврстина и одлучност кога Маргарет ја открива пред светот Челичната дама. Тука се и моментите од младоста на Маргарет, кога со воодушевување го следи говорот на нејзиниот татко, кој толку силно се одразува на нејзиниот карактер и одлучност за припаѓање во Конзервативната партија, па сè до понудата за брак од Денис Тачер кога го предупредува дека не е создадена за да го помине животот во кујната.

„Нема да умрам миејќи шолји“

Челичната дама (The Iron Lady)Особено интересни моменти се деловите на формирањето на имиџот на Тачер, сè она што морала да го промени кај себе за да стане подопадлива во очите на јавноста. Како се калеше Челичната дама е дефинитивно дел од филмот кој ја надополнува целата слика за посветеноста на Магарет на своите амбиции.

Глума: Мерил Стрип толку добро си ја има завршено работата, што поголем дел од времето заборавате кој всушност се крие зад маската, а најверојатно и поради тоа филмот го доби целосно заслужениот Оскар за најдобра шминка. Самата актерка има изјавено дека со месеци ги следела говорите и јавните појавувања на Маргарет Тачер со цел што подобро да ги совлада нејзините гестови, движења и начин на зборување. На едната страна имаме цврста и непопустлива дама, а од другата, жена која сака своите последни години да ги помине во мир, но не може поради постојаните присеќавања на сите големи одлуки кои морала да ги донесе, а влијаеле врз илјадници луѓе. Оскарот за најдобра женска главна улога, дефинитивно заврши во вистински раце!Челичната дама (The Iron Lady)Не смее да биде незабележана и улогата на Џим Бродбент, кој се појавува како сопругот Денис Тачер и одлично го доловува ликот на човекот кој цел живот морал да биде зад толку упорна жена и покрај сите животни компликации, да остане со неа до крај.

Уште еден лик остава значаен траг низ целиот филм, а тоа е глумицата Александра Роуч која ја глуми Тачер во младоста и дефинитивно е најдобар можен избор за таа улога.Челичната дама (The Iron Lady)Кога да го гледате: Можеби не е толку важно кога да го гледате, туку со кого ќе го гледате овој прекрасно изграден филм. Бидејќи самата приказна се врти околу моќта и храброста на жената, најверојатно би бил одличен за да се проследи во женско друштво. Припадниците на машкиот пол, можеби нема толку да ги привлече филмот од самиот почеток, но топло ви препорачуваме да му дадете шанса.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар