Британски ТВ серии кои не смеете да ги пропуштите - Part 5

Британски ТВ серии кои не смеете да ги пропуштите

5. Шпиони (Spooks)

Британски ТВ серии кои не смеете да ги пропуштитеУлоги: Питер Фирт, Хју Сајмон, Никола Вокер, Руперт Пенри-Џоунс, Миранда Рејзон

Жанр: драма, трилер

Премиера: 13 мај 2002

Сезони: 10

Времетраење: 60 минути

Наша оценка: 8

Оваа ТВ серија е толку добра што ќе ве натера да посакате и вие да сте шпиони. Дејството се одвива околу група на офицери во МИ-5, кои работат во канцеларии со високо обезбедување наречени „Мрежата“. Во Велика Британија МИ-5 или накратко ПЕТ се справува со заканите на државата кои доаѓаат од внатре. „Spooks“ се одликува со многу акција, борби и експлозии, со други зборови има сè што ѝ е потребно на една криминалистичка серија да биде успешна. Но, она што ја издвојува оваа ТВ серија од останатите е интензитетот на чувствата кои случаите ќе ги пробудат во вас. Таа е една од најинтензивните драми кои досега биле снимени.

Британски ТВ серии кои не смеете да ги пропуштите


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар