Британски ТВ серии кои не смеете да ги пропуштите - Part 2

Британски ТВ серии кои не смеете да ги пропуштите

2. Шерлок (Sherlock)

(7) britanski-tv-serii-koi-ne-smeete-da-gi-propushtite-www.kafepauza.mkУлоги: Бенедикт Камбербач, Мартин Фриман, Уна Стабс

Жанр: криминалистика, драма, мистерија

Премиера: 30 август 2012

Сезони: 3

Времетраење: 90 минути

Наша оценка: 10

Писателите долго време се бореа со идејата како брилијантниот Шерлок Холмс би изгледал во модерно време. Резултатот е токму оваа одлична мини ТВ серија. Доколку сте ги читале книгите, брзо ќе забележите дека тие горе-долу се водат по главната приказна, со исклучок на неколку промени кои ја пренесуваат приказната во наше време.

Бенедикт Камбербач исклучително добро го доловува ликот на Шерлок, а самата идеја за тоа како тој би решавал убиства во 21-от век која писателите ја преточиле во оваа модерна верзија е нешто кое строго ви препорачуваме да не го пропуштите. Секоја епизода ќе успее комплетно да го задржи вашето внимание и вие толку многу ќе се задлабочите во приказната, што ќе се чувствувате како да ги решавате мистериите заедно со Шерлок и Вотсон.

Британски ТВ серии кои не смеете да ги пропуштите


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар