8 ТВ серии кои ќе го променат начинот на кој го гледате вашето тело

Многумина од нас се несигурни кога е во прашање нивното тело. Посебно жените кои изгледа како постојано да се загрижени за нивниот изглед и сакаат скоро сè да сменат. Ако се пронајдовте во овој опис, тогаш ви препорачуваме да ги погледнете следниве ТВ серии ќе го променат начинот на кој го гледате вашето тело.

1. Шрил (Shrill)

Базирана на мемоарите на писателката Линди Вест, приказната се врти околу Ани Истон, дебела жена која станува драстично фрустрирана од нејзиниот живот и од начинот на кој луѓето се однесуваат кон неа. Шрил потсетува дека секој може да има мислење за нечие тело, но мислењето кое го имаме за нашето тело е најважно.

2. Проектот Минди (The Mindy Project)

Оваа ТВ серија ќе направи да го погледнете малку поинаку вашето тело и ќе ви покаже колку тоа може да биде спектакуларно. Ќе ве поттикне за прв пат да му се восхитувате на вашето тело. Минди не е совршена, но е одличен пример за сите оние кои мислат дека не ги исполнуваат „стандардите за убавина“ кои ги налага општеството.

3. Посебен (Special)

Главното дејствие го следи животот на еден хомосексуалец со церебрална парализа кој е затворен поради својот инвалидитет и е многу несигурен во себе. Ќе имате можност да го видите како се развива и станува свој во осум епизоди со траење од петнаесет минути.

4. Несигурна (Insecure)

Кога ќе ја гледате оваа ТВ серија ќе бидете убедени дека се занимавате со нешто моќно. Главното дејствие се одвива околу искуството на една црнкиња (опишана од Иса Реј) која е жена со вишок килограми. Главната порака е дека жените не треба да бараат да бидат прифатени од другите туку дека на крајот од денот доволно е да се прифатат самите.

5. Ти си најлош (You’re The Worst)

Оваа ТВ серија ќе ви покаже како да почнете да се сакате себеси и ќе ве потсети дека клучот за среќата се крие само во вас. Претставува добар потсетник дека може да се блеска однатре – затоа што кога се чувствувате добро однатре и си дозволувате да блеснете, никој нема да може да ве игнорира.

6. Квирово око (Queer Eye)

Ова телевизиско шоу покажува колку е можна трансформацијата на луѓето и тоа не само однадвор туку и однатре. Ќе ве научи да се сакате себеси поради тоа што сте и ќе ве натера да се погледнете онакви какви што сте и да го смените начинот на кој се однесувате кон себе. На крајот од денот љубовта е таа која навистина прави разлики.

7. Лудата бивша девојка (Crazy Ex-Girlfriend)

Она што ќе го сакате кај оваа ТВ серија е тоа што премногу реално го опишува женскиот свет. На Ребека воопшто не ѝ е грижа што општеството очекува од неа. Има нешто моќно во тоа кога гледате жена без константа грижа за нејзината тежина, за тоа како е облечена или што светот мисли за неа во секој момент.

8. Брод Сити (Broad City)

Главните улоги им припаѓаат на две најдобри пријателки кои воопшто не се грижат што другите имаат да кажат. Тие прават сè што сакаат, го кажуваат тоа што го мислат и го носат тоа што го сакаат без да се грижат дали светот го оправдува тоа. Ни покажуваат дека можеме да правиме што сакаме со сопственото тело затоа што тоа ни припаѓа само нас.

Фрлете им око и на овие серии кои мора да ги изгледате заедно со вашата најдобра пријателка.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив што ја придвижува гласи: „Остани своја и поинаква. Само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар