5 летни ТВ драми кои со нетрпение ги очекуваме

5 летни ТВ драми кои со нетрпение ги очекуваме

Како што поминуваат годините, така се појавуваат сè повеќе и повеќе одлични ТВ серии, особено драми, за кои едноставно мора да најдеме време да ги гледаме. За некои од овие приказни знаеме дека ќе бидат одлични дури и пред да излезе првата епизода, бидејќи самата приказна, во комбинација со одличниот тим актери ни дава до знаење дека тие имаат голем потенцијал. Оваа година нè очекуваат малку потемни приказни од вообичаено, кои сме сигурни дека токму поради својата морничавост ќе постигнат и голем успех. Како такви, ги издвојуваме следниве 5 кои целиот свет со нетрпение ги очекува…

5 летни ТВ драми кои со нетрпение ги очекуваме

1. Проповедник (Preacher) – 22 мај 2016

Оваа ТВ серија е базирана на стрип кој е познат по сексот, насилството и уникатниот поглед кон религијата. Натприродната акција, драма и комедија го вклучува Доминик Купер како свештеник кој најверојатно содржи божји моќи… Но, и лекомислен став кон божеството кое му ги овозможило, како и интересен и необичен начин на толкување на божјиот збор.

2. Паметни луѓе (Clerverman) – 1 јуни 2016

Во едно дистописко општество, постои еден вид човечка раса, позната како „влакнестите“ кои се нефер прогонувани поради серија нерешени убиства. Па како поинаку би очекувале да реагираат, со ваков вид живот? Ова еден вид алегорична научна фантастика која влегува во жанрот фикција, но сепак може да биде културно поврзана и со настани во нашата реалност.

3. Отпадник (Outcast) – 3 јуни 2016

Уште една морничава адаптација на стрип која доаѓа од продуцентот, креаторот и графичкиот новелист, Роберт Киркман, човекот зад одличната приказна „Живи мртовци“. Овој пат станува збор за млад човек кој цел живот бил опседнат од демони. Со помошта од страна на проблематичниот отец, Кајл Барнс, тој конечно ќе најде начин да си помогне себеси…

4. Кралицата на југот (Queen of the South) – 21 јуни 2016

Ако ви се допаѓа ТВ серијата „Наркоси“, тогаш без сомнение ќе уживате и во оваа. Станува збор за приказна која изобилува со естроген и ни го покажува издигнувањето на една жена во светот на дрогата. Тереса Мендоза е еден од најмоќните женски ликови на малите екрани досега, која ќе ве одведе на турбулентно и темно патување во оваа драма.

5. Тринаесет (Thirteen) – 23 јуни 2016

Што се однесува до приказната, оваа ТВ серија многу потсетува на „Нескротливата Кими Шмит“, но без хумористичниот дел. Темната американска драма е насочена кон животот на млада девојка која учи како одново да го изгради својот живот откако 13 години била исчезната. Ајви конечно по толку години може да вдише свеж воздух и да се врати назад во светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар