25 филмови кои ја предвидoa иднината - Part 3

25 филмови кои ја предвидoа иднината

13. Државен непријател (Enemy of the State)

25-filmovi-koi-ja-predvidija-idninata-kafepauza.mk.jpg

Иако трилерот за илегално надгледување од страна на власта не е нешто ново, филмот точно ја предвидел иднината. Можеби во 1998 година шпионирањето од страна на НСА и камерите кои се поставени насекаде биле само фантазија, но денес сето ова е реално.

14. Дик Трејси (Dick Tracy)

25-filmovi-koi-ja-predvidija-idninata-kafepauza.mk.jpg

Беше прашање на време кога ќе добиеме телефон како во филмот Дик Трејси. Конечно се измислени паметните часовници и можеме да го правиме сето она што го правел и Дик пред многу години на филмското платно.

15. Паркот Јура (Jurassic Park)

25-filmovi-koi-ja-predvidija-idninata-kafepauza.mk.jpg

Иако немаме парк со вистински диносауруси, научниците работат на тоа да „воскреснат“ мамут на сличен начин како што ги вратија диносаурусите во филмот.

16. Таа (Her)

25-filmovi-koi-ja-predvidija-idninata-kafepauza.mk.jpg

Ова е приказна за маж кој се вљубува во неговиот компјутер, во иднина каде што луѓето редовно користат вештачка интелигенција како лични асистенти. Денес се случува токму ова благодарение на развојот на вештачката интелигенција и нејзината примена во технологии како Кортана, Алекса и Сири.

17. Западен свет (Westworld)

25-filmovi-koi-ja-predvidija-idninata-kafepauza.mk.jpg

Филмот е издаден во 1973-та година и раскажува за забавен парк направен според Дивиот запад каде што луѓето ги живеат своите фантазии. Во паркот има и роботи кои го прават искуството многу реално. Неодамна од Дизни изјавија дека планираат да направат тематски парк со Војна на ѕвездите каде што луѓето ќе можат да го искусат тој свет во целост.

18. Војна против вистината (Wag the Dog)

25-filmovi-koi-ja-predvidija-idninata-kafepauza.mk.jpg

Во овој филм претседателот на САД е обвинет за сексуално малтретирање на девојче во овалната канцеларија. Филмот е издаден неколку недели пред скандалот со Моника Левински и Клинтон.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар