14-те најпроколнати филмови на сите времиња

14-те најпроколнати филмови на сите времиња

Проколнатите филмови ги фасцинирале луѓето со децении. Од неочекувана смрт, до уништување на кариерата, некои филмски проекти на некој начин станале легенди. Се разбира, ниту еден режисер не сака проколнат филм, а никој актер не сака да биде дел од него. Како и да е, со историјата на Холивуд, ова е многу веројатно да се случи. Погледнете некои од најпроколнатите филмови и филмски сетови на сите времиња.

1. Опседнување (The Possession)

Natasha Calis stars as ‘Em’ in THE POSSESSION.  Photo credit: Diyah Pera

Овој филм е направен според вистински опседнат предмет, кутија наречена „Кутијата на Дјубук“. Изгледа дека на филмскиот сет се случиле неколку бизарни работи. Дури и скептикот Џефри Дин Морган признал дека имало чудни случувања за време на снимањето, како експлодирање на сијалици и спонтани пожари. Кога ги прашале актерите дали сакаат да ја донесат вистинската кутија на сетот, многу од нив одбиле, па дури си имале и мантра за неа: „Не се задевај со кутијата.“

2. Воден свет (Waterworld)

(2)14-te-najprokolnati-filmovi-na-site-vreminja-kafepauza.mk

На почетокот буџетот за филмот бил 5 милиони долари, но до крајот на снимањето биле потрошени 200 милиони. Тогаш овој филм станал најскапиот во историјата на Холивуд. За работите да бидат полоши, филмот заработил само 88 милиони долари. Ситуацијата на филмскиот сет била уште покатастрофална, актерите се откажувале, се разболувале или пак биле боцнати од медузи. Сценаристот неколку пати требало да го преправа сценариото и изјавил дека тие 7 недели биле вистински пекол.

3. Психо (Psycho)

(3)14-te-najprokolnati-filmovi-na-site-vreminja-kafepauza.mk

Класиката на Хичкок раскажува приказна за една жена која отседнува во еден хотел и е набљудувана од домарот. Секој ја знае познатата сцена под тушот кога главниот лик, одигран од Џенет Леи, е избоден до смрт. На сетот, една од замените за Џенет била Мира Дејвис. Години подоцна, Мира била силувана и убиена од човек кој бил огромен фан на Хичкок.

4. Гостилница (The Innkeepers)

(4)14-te-najprokolnati-filmovi-na-site-vreminja-kafepauza.mk

Ова е филм за една гостилница и за двајца вработени кои се обидуваат да го разоткријат нејзиното опседнато минато. Она што многу луѓе не го знаат е дека гостилницата во филмот навистина постои, се наоѓа во Конектикат и навистина е опседната. Режисерот кажал дека на филмскиот сет се случувале навистина чудни работи, како затварање врати, вклучување електронски направи, прегорување на сијалици, а актерската екипа дури имала и чудни соништа.

5. Зона на самракот (The Twilight Zone Movie)

(5)14-te-najprokolnati-filmovi-na-site-vreminja-kafepauza.mk

„Зона на самракот“ е полн со чудни приказни. Но, вистинската приказна за снимањето на филмот е особено застрашувачка. Вик Мороу игра лик кој е вратен назад во времето за да го искуси страдањето на оние кои ги мачел. За време на една сцена, тој спасува две деца, а режисерот сакал над нив да прелета хеликоптер. Хеликоптерот се срушил врз едно од децата, а на Мороу и на другото дете им ги пресекол главите.

6. Полтергајст (Poltergeist)

(6)14-te-najprokolnati-filmovi-na-site-vreminja-kafepauza.mk

Ова е филм за последиците од вознемирување на местата каде што некои луѓе починале. Па, зошто тогаш Стивен Спилберг одлучил да користи вистински трупови? Во период од 6 години, многу од главните актери умреле на навистина вознемирувачки начини, вклучувајќи рак на стомакот, убиство од партнерот, убиство со секира и слично.

7. Матрикс (The Matrix)

(7)14-te-najprokolnati-filmovi-na-site-vreminja-kafepauza.mk

Во свое време, „Матрикс“ беше филмска револуција, не само поради визуелните ефекти туку и поради оригиналната приказна. Но, како што продукцијата продолжила со другите делови од филмот, несреќите почнале да се нижат. Киану Ривс се здобил со повреда поради којашто завршил во болница, а двајца од споредните актери умреле. Режисерите и денес не можат да го повторат успехот кој го постигнаа со Матрикс.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар