10 ретро филмови од кои нема да можете да ги оттргнете очите

10 ретро филмови од кои нема да можете да ги оттргнете очите

Одвреме-навреме, сите сакаат да погледнат назад, во минатото. Најверојатно најдобриот начин да го направите ова е да гледате некој филм во ретро стил. Денес ви споделуваме некои од најпознатите необични филмови за минатото. Тие даваат целосно задоволство, не само на сметка на врвните актери, туку исто така и поради нивната исклучителна естетска убавина.

1. Девет (Nine)

Гвидо Контини е познат режисер кој целиот свој живот бил опкружен со прекрасни жени. Tој е многу посакуван и своите цели ги достигнува преку туѓите мртви тела. Но, зошто не може да го заврши снимањето на последниот филм? Одговорот го бара на место што му е многу познато – во креветот со жените, но неговата душа од ден на ден станува сѐ попразна.

10 ретро филмови од кои не ќе можете да ги оттргнете очите

2. Револуционерен пат (Revolutionary Road)

Дејството во овој филм се случува во средината на педесеттите години. Главните протагонисти се членови на едно семејство од провинција. Френк и Ејприл Вилер се гледаат себеси како средна класа на начин што ги издвојува од многуте други семејства и тие имаат огромна желба да се преселат во Париз. Меѓутоа, судбината подготвува многу непријатни изненадувања за нив…

10 ретро филмови од кои не ќе можете да ги оттргнете очите

3. Работ на љубовта (The Edge Of Love)

Сложените односи што постојат помеѓу четири луѓе кои живеат во Англија во четириесеттите години, речиси води до трагедија. Ова е приказна за двајца мажи и две жени кои стануваат заплеткани во нивните постапки. Љубовта, љубомората и предавството ги водат во бездна од каде што се чини е невозможно да се избега.

10 ретро филмови од кои не ќе можете да ги оттргнете очите

4. Образование (An Education)

Џени има 16 години. Таа е талентиран виолончелист и пристојна млада жена. Оксфорд е нејзината шанса да избега од монотонијата. Токму овде таа се среќава со еден млад човек по име Давид, кој има дупло повеќе години од неа, вози спортска кола, носи модерна облека, оди во приватни клубови и води прилично распуштен живот. Откако ќе се запознае со него, Оксфорд повеќе не изгледа толку убаво место за Џени.

10 ретро филмови од кои не ќе можете да ги оттргнете очите

5. 8 жени (8 Femmes)

Снежно покриен град во длабочината на Франција, а едно семејство се подготвува да го помине Божиќ заедно. Но, прославата никогаш не се случува, затоа што е убиена главата на семејството. Осум жени, сите кои биле блиску до него, започнуваат истрага. Секоја од нив е сомнителна и секоја од нив има причина. Денот на истрагата открива голем број семејни тајни кои се чувале под клуч.

10 ретро филмови од кои не ќе можете да ги оттргнете очите

6. Вода за слонови (Water For Elephants)

Во времето на големата депресија, ветеринарниот студент, Џејкоб, по убиството на неговите родители, се откажува од своите студии. Тогаш тој се приклучува на најграндиозниот циркус на Земјата. Таму работи како ветеринар и во исто време се заљубува во прекрасната Марлена, која всушност е мажена за Август, харизматичен, но суров тренер на животни.

10 ретро филмови од кои не ќе можете да ги оттргнете очите

7. Помошта (The Help)

Приказната се одвива во шеесеттите години. Една жена по дипломирањето се враќа дома, со цел да стане писателка и да избега од нејзиниот мал град. Таа се одлучува да напише книга со наслов The Help. Романот се базира на приказните за слугинките и нивните тешки животи.

10 ретро филмови од кои не ќе можете да ги оттргнете очите

8. Глава во облаци (Head In The Clouds)

Гај, ирско момче, прв пат ја видел Џилда Бесе додека студирал. Судбината ги доведува заедно неколку пати, но потоа ги разделува. Богатата и расипана Џилда водела прилично безгрижен живот, благодарејќи на кој Гај бил во можност да се запознае со многу луѓе од нејзиниот социјален круг. Потоа, еден ден тој забележува една шпанска девојка по име Миа која стои веднаш до неа…

10 ретро филмови од кои не ќе можете да ги оттргнете очите

9. Сораја (Soraya)

Кога на Иранецот, Шах Мохамед Пахлави, му е покажана фотографија од Сораја Бакхтиари, тој веднаш се заљубува. Набргу потоа, кралското семејство поканува млада жена во нивната палата, каде Мухамед ѝ понудува брак, а таа без многу да размислува, се согласува на тоа. Но, револуцијата ги тера Шах и неговата жена да ја напуштат земјата.

10 ретро филмови од кои не ќе можете да ги оттргнете очите

10. Големиот Гетсби (The Great Gatsby)

Мистериозниот господин Џеј Гетсби. Никогаш никој не го видел, но секој има слушнато за него. Всушност, тој е идеализиран и во рестораните луѓето зборуваат дека го имаат сретнато. Потоа, невиниот и наивен човек по име Ник Каравеј добива покана да се сретне со Гетсби. Подоцна, како резултат на оваа средба, тој ќе напише приказна за љубовта, алчноста, моќта и корупцијата.

10 ретро филмови од кои не ќе можете да ги оттргнете очите


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар