Десктоп позадини | Кафе пауза - Part 7

Кафе-позадина за вашиот десктоп #31

Што ќе се случи ако кафето рипне од шолјата и вие успеете да го замрзнете тој момент? Се случува неверојатна уметност. А кога ќе додадете и млеко, тоа е веќе совршена комбинација...
Датум: 16 мај 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #30

Тазе подготвено кафе, сипано во вашата омилена голема шолја, која не сакате да ја користите со тацна... лаптопот пред вас и сурфате... работно или тотално релаксирачки, ова е вашата омилена поза. Еве една шик десктоп-позадина...
Датум: 09 мај 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #29

Времето полека се затоплува, денот почнува да трае подолго, а во природата околу нас, сè поприсутна станува зелената боја. Па, да бидеме во тек со временската сезона. Оваа позадина е вистински одмор за очите.
Датум: 18 апр 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #28

Ако кафето го искомбинирате со нешто слатко, мммм... добитна комбинација за убав ден. Оваа десктоп позадина буквално „ќе легне“ на екранот. Малецките слатки манчмелоу колачиња лебдат над густо кремасто кафе...
Датум: 11 апр 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #27

Се откажавте од чоколади, гирцки и секакви слатки, но калорични задоволства во име на летото што следува. Не би сакале да ве стрвиме, но оваа кафе позадина, може да ви послужи како замена за она што ви недостасува во исхраната.
Датум: 04 апр 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #26

Ако првата работа која ја правите наутро е вклучување на вашиот компјутер, оваа позадина, ќе ви го надополни уживањето во вашето утринско кафе со пена.
Датум: 28 мар 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #25

Совршена уметност во шолја полна со штотуку сварено кафе. Има ли подобар начин за започнување на денот? Одличен сервис за кафе, пеперутка во филџан, сосема доволно пена и многу кафен простор за вашите икони.
Датум: 21 мар 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #24

Кафето и весникот се секогаш добра комбинација за добро утро. Уште кога вака ќе ви почне неделата, си ги зголемувате шансите за пријатна и успешна работна недела. На здравје кафе!
Датум: 14 мар 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #23

Кафето од оваа шолја изгледа како да ќе излезе од вашиот монитор и директно ќе се најде сервирано на вашето работно биро. Комбинацијата од свежи нијанси на бои, ќе воведат ведрина и расположение...
Датум: 07 мар 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #22

Колку пати сте посакале да го пиете вашето кафе послатко од вообичаено за да си ја заблажите душичката? Оваа недела во вашата шолја за кафе се крие слатко изненадување.
Датум: 28 фев 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #21

Ќе ја започнеме неделава артистички, релаксирачи, кул и, секако, во духот на кафето. Овој цртеж прекрасно ќе легне на вашиот десктоп, но доколку практикувате да го одржувате среден и чист. Креација е на Foxguise.
Датум: 21 фев 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #20

Кафе пауза ви подарува едно утринско љубовно кафе со 2 шеќерчиња во форма на срце, едно за вас, едно за вашиот љубен. Се надеваме дека убаво ќе ве засладиме и оваа слатка љубов ќе ве држи дооооолго време.
Датум: 14 фев 2011
, Автор: