Филм и ТВ | Кафе пауза - Part 68

Живот во еден ден (Life in a Day)

Филмски колаж од видеа снимени само на 24 јули 2010 година, од десетици луѓе низ целиот свет, а финалниот производ е ода за различностите, за животот, но и за убавината на секој ден минат на оваа планета...

Не е онака како што изгледа

Повеќето луѓе не се толку чесни, за да ви поверуваат дека баш секогаш ја кажувате вистината, а оваа приказна сликовито прикажува дека работите честопати не се онакви какви што изгледаат од страна.

Неизбежна грубост (Necessary Roughness)

ТВ серија за односите во едно семејство, професионалните кариери, менталните проблеми и решенијата...

Чевлите на еден страшен човек

Како би можел да се чувствува еден чевел доколку е одделен од својот животен сопатник - другиот чевел? Не помирувајќи се со ваквата судбина, синиот чевел храбро тргнува да ја спаси својата сродна душа...
Датум: 12 сеп 2011
, Автор:

Лоша учителка (Bad Teacher)

Лесна комедија за препознавањето на вистинските нешта кои ни биле пред нос целото време, но сме ги игнорирале... и многу повеќе за „спонзорушите“, за трулото американско школство, за манипулациите...

Лажливата игра (The Lying Game)

ТВ серија за различните судбини на посвоените деца, неочекуваните животни пресврти, мистеријата и лагите од страна на децата и родителите...

Копнеејќи по магијата на ѕвезденото небо

Мало девојче со огромна љубов кон астрономијата, живее во свет без ѕвезди, но има голема надеж, неуморно очекувајќи некаков знак на промена. Ова е тема на приказната во краткиот анимиран филм „Осветлување“ (Light Up).
Датум: 05 сеп 2011
, Автор:

Свиркачот (The Whistleblower)

Филм за свиркачите, за луѓето кои кога ќе видат нешто што не смее да се случува, не премолчуваат туку ќе ги вклучат сите сирени... но и за предавниците кои некогаш се спакувани во „ангелски“ пакет...

Ранго (Rango)

Анимирано вестерн доживување за работите за кои не ни размислуваме и ги прифаќаме „здраво за готово“, а реално од нив ни зависи животот… Како што е водата...

ТВ серии кои ќе ги гледате од септември

Како и секоја година во овој период, на малите екрани се враќаат поголемиот дел од популарните ТВ серии со нова сезона.

Искривен опаш

Дев е горд сопственик на куче, но има еден мал проблем – неговото совршено милениче има крива опашка, а тоа ужасно му пречи.

Ужасни шефови (Horrible Bosses)

Филм за мобингот, за малтретирањето на работното место и за професионалните психопати со чии лик и дело речиси сите сме се запознале, но сме морале да премолчиме...