Зошто Рибите се луѓе кои најтешко може да ги сфатите?

Зошто Рибите се луѓе кои најтешко може да ги сфатите?

Сите хороскопски знаци имаат свои карактеристики кои лесно можеме да ги препознаеме во луѓето. Иако тие не секогаш се однесуваат буквално на секој човек кој припаѓа во таа група, факт е дека го опишуваат однесувањето на поголемиот дел од припадниците на тој хороскопски знак. Така, помеѓу премногу изразената емоционалност, сочувствителноста и посветеноста, Рибите се хороскопски знак кој е скоро и невозможно да се разбере. Луѓето кои се Риби во хороскоп се карактеризираат со мистериозност, па е многу тешко да ги разберете и прочитате. Следниве причини објаснуваат зошто е тоа така и зошто е тоа во ред.

(1)-zoshto-ribite-se-lugje-koi-najteshko-mozhe-da-gi-sfatite-kafepauza.mk

1. Рибите се последниот знак во зодијакот

Фактот дека Рибите се последниот знак во зодијакот укажува на тоа дека тие имаат мешавина на особини од претходните 11 знаци. Тоа води кон конфузија кај Рибите во поглед на емоциите, односно често имаат измешани чувства за една иста работа, па токму затоа и е тешко некој да препознае како се чувствуваат. Поради ова, Рибите размислуваат пред да почувствуваат и направат нешто, па колку и да изреагираат импулсивно, нивните реакции се секогаш промислени.

2. Рибите се секогаш расположени за нови искуства

Иако знаат да бидат доста нерешителни, Рибите секогаш се отворени за нови искуства. Она што ги прави најсреќни е кога имаат со кого да ја споделат таа љубов кон испробување нови работи. Постојано се во потрага по возбудливи доживувања, па соодветен партнер за нив е некој кој е подготвен да ги следи во тоа. Доколку се чувствуваат заробени во некоја рутина, нивната импулсивност ќе тежнее кон пронаоѓање на првата шанса за промена.

3. Рибите се сочувствителни и добродушни

Преголемата емоционалност кај Рибите предизвикува тие да сочувствуваат дури и со луѓе кои не ги познаваат, па и за оние најмалите работи. Ги погодуваат секакви вести, па сосема е нормално претерано да се радуваат на убавите и да тагуваат за лошите случувања. Она позитивното е што се есекогаш тука за пријателите и семејството, подготвени да бидат и среќни и тажни заедно со нив. Токму затоа не е воопшто за чудење што поради нивната пречувствителност тешко може да ги разберете.

4. Рибите имаат проблем со разликување на реалноста и фантазијата

Често посакувајќи нешто, Рибите имаат тенденција да се убедат себеси, а и другите, дека навистина е така. Тие сонуваат и фантазираат, па често токму поради желбата тоа да е нивната реалност, знаат да бидат упорни за некоја работа. Не се откажуваат лесно, а тоа што се импулсивни може да предизвика скокање од една цел кон друга, колку и да делуваат невозможни.

5. Рибите се емпатични личности

Емпатијата е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат Рибите. Зошто? Бидејќи дозволуваат чувствата да влијаат премногу на нив. Ова некогаш доведува до давање поголема важност на туѓите чувства во однос на нивните сопствени, па се наоѓаат себеси игнорирани и занемарени што може да доведе до уште поголем хаос. Убавата страна на оваа нивна особина е тоа што во нив може секогаш да најдете личност која ќе ве советува, а кога ви е најпотребно – и рамо за плачење.

6. Рибите размислуваат со ладна глава само кога се сами

Доколку сте Риба, тогаш сигурно сте се нашле себеси во ситуација кога ви е потребно да се одвоите од надворешниот свет на одреден период. Тоа време е време потребно за Рибите да се осврнат кон себеси, кон своите чувства и потреби. Меѓу другото, ова е време кога Рибите се најпродуктивни бидејќи си оставаат простор да ги средат своите мисли и да размислат убаво за она што се случува. Опколени со многу луѓе, комбинацијата на емоционалност и ставање на останатите луѓе на прво место, како и неспособноста да кажат „не“, прави да е невозможно за нив да размислуваат или да реагираат сосема правилно.

7. Рибите се интровертни по природа

Иако постојано се обидуваат да се опколат себеси со нови и интересни луѓе, тие повеќе би сакале да се сами со своите мисли и чувства. За да бидат со некого навистина свои, тие прво мораат да знаат дека со тој некој се навистина блиски пријатели и можат целосно да се опуштат. На некои луѓе поради ова, Рибите им делуваат како цинични и затворени, односно како да се преправаат дека се нешто што не се. Но тие всушност се само љубопитни за приказните на луѓето кои ги запознаваат.

8. Рибите прифаќаат буквално секого

Иако можеби не им се допаѓаат сите, Рибите прифаќаат буквално секого. Не осудуваат и не се оптоваруваат со тоа какви се другите, туку ги прифаќаат такви какви што се. Тоа не значи ниту дека им се допаѓаат, ниту дека ќе бидат блиски со нив, но значи дека ќе најдат заеднички јазик и начин да функционираат со секого. Тие едноставно го бараат и наоѓаат најдоброто во луѓето, па решаваат и да го гледаат само тоа. Можат да бидат пријатели со сите типови луѓе, што за други може да е целосно несфатливо.

9. Рибите се пречувствителни

Ова значи дека се што ќе кажете и направите во нивно присуство влијае на нив многу повеќе одошто можете да претпоставите. Рибите се пречувствителни и ги погодува скоро секој кажан збор. Иако можеби нема за се да изреагираат, не дозволувајте тоа да ве залаже ниту за момент. Кога зборувате со нив мора да бидете многу внимателни што знае да нервира, но исто така ви дава и шанса да бидете искрени за своите чувства бидејќи тие се отворени да ве ислушаат секогаш. Искреноста е неопходна бидејќи Рибите можат лесно да препознаат кога некој се преправа за своите чувства.

10. Рибите имаат потреба од личност по чиј пример ќе се водат

Преголемата емоционалност со која се соочуваат Рибите секој ден, внесува кај нив несигурност и сомнеж за самите нив. Поради тоа, тие имаат потреба од личност која ќе им биде пример по кој ќе се водат, а која како доминантна ќе воведува сигурност и стабилност во нивниот живот. Без таков човек во нивниот живот, Рибите се чувствуваат изгубени и понерешителни од кога било. Па доколку ви делува дека пријателот Риба се угледува на вас, тоа е најверојатно баш тоа што го прави.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    Odlicen e tekstot so isklucok na apostrofite nad “e” vo zborot “SE”, nepravilno upotrebeni, sto e nedozvolivo za objaven tekst i iritiracki koga se cita istiot. Blagodaram 🙂

Остави коментар