Зошто Овните сакаат да се расправаат? 4 начини да ја скротите вашата желба за оган

Овните се навистина жестоки луѓе, и не се тие виновни за тоа. Тие секогаш имаат нешто за коешто можат да се расправаат. Понекогаш причината не им е ни важна бидејќи самото расправање ги прави живи. Па ако сте Овен кој сака помош со справувањето со љубовта кон гневот, овие совети ќе ви помогнат во тоа. Се разбира, не е во ред да ги потиснувате вашите емоции, но има неколку „здрави“ начини на кои ќе можете да се ослободите од нив.

(5)zoshto-ovnite-sakaat-da-se-raspravaat-4-nachini-da-ja-skrotite-vahata-zhelba-za-ogan-kafepauza.mk

Слушајте метал

(1)zoshto-ovnite-sakaat-da-se-raspravaat-4-nachini-da-ja-skrotite-vahata-zhelba-za-ogan-kafepauza.mk

Ако треба да одберете еден жанр кој е во ритамот на срцето на Овните, тоа е металот. Слободно истражувајте и пронајдете си ја вашата химна. Оваа музика навистина ќе ви помогне да го извадите гневот од себе.

Одете на „гневна“ прошетка

(2)zoshto-ovnite-sakaat-da-se-raspravaat-4-nachini-da-ja-skrotite-vahata-zhelba-za-ogan-kafepauza.mk

Многу Овни се постојано анксиозни. Ним им е потребна многу физичка активност, бидејќи во спротивно стануваат нетрпеливи и почнуваат расправии со другите. Ако сте Овен, следниот пат пред да почнете да војувате со некого, застанете за момент, облечете го палтото, и направете неколку кругови околу соседството. По оваа прошетка можно е да сфатите дека всушност и немало потреба да се расправате.

Направете планови со енергичен пријател

(3)zoshto-ovnite-sakaat-da-se-raspravaat-4-nachini-da-ja-skrotite-vahata-zhelba-za-ogan-kafepauza.mk

Не секој може да држи чекор со Овните, па важно е пријателот да има многу енергија. Кога чувствувате желба да му пишете на некој бивш партнер и да се расправате затоа што ве оставил, подобро напишете му порака на пријател кој знаете дека секогаш прифаќа покани за сегде. Насочете ја вашата енергија во некој план за викендот кој ќе ве возбуди. За многу Овни, гневот не мора да е поврзан со разочарување. Понекогаш причината е недостаток од работи за правење, односно здодевност. Па наместо да ѝ дозволете на здодевноста да ве надвладее, испланирајте незаборавен викенд кој едвај ќе го чекате да дојде.

Правете нешто смешно

(4)zoshto-ovnite-sakaat-da-se-raspravaat-4-nachini-da-ja-skrotite-vahata-zhelba-za-ogan-kafepauza.mk

Понекогаш гневот ќе ви покаже дека сте разочарани, а понекогаш ќе ви покаже дека ситуацијата во која се наоѓате едноставно мора да се промени. Овните размислуваат брзо и секогаш се подготвени за следниот предизвик во животот. Па важно е секогаш да си го поставувате прашањето: Дали сум гневен/на затоа што сум разочаран/а, дали затоа што треба да променам нешто во мојот живот или и двете? Штом ќе ја најдете причината за вашиот гнев, најдете нешто смешно за гледање или слушање, па речиси сигурно ќе го направите искуството подобро. Можете да пишувате и дневник кој ќе ви помогне да најдете решение на проблемот, наместо да бидете гневни и инстинктивно да реагирате на сите ваши чувства.

Дали знаете кој е најекстремниот хороскопски знак?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар