Забавен хороскоп: Какви се знаците за време на фудбалски натпревар?

Како карактеристиките на хороскопските знаци им влијаат на навивањето во текот на фудбалските натпревари? Прочитајте во продолжение и кажете ни дали и вие се пронајдовте во описите!

Кога станува збор за навивање, Овенот е главен. Ниту во еден момент не се сомнева дека победата на неговиот тим е недостижна, дури и кога ситуацијата го покажува спротивното. Тој веќе се спремил за славење уште да пред да почне натпреварот. Најгласното „ајдеее“ доаѓа токму од Овенот кој се сместил на најудобното место во просторијата.

Во негова близина секогаш се наоѓа по еден Бик што се обидува да го стиша, бидејќи тој сака да ужива во тишина, грицкајќи солен чипс. Тој е многу поразумен и посмирен, па најчесто чека судијата да отсвири крај за да почне со славење. Или пак, ако неговиот тим губи, тогаш до последниот момент со целото срце ќе се надева на пресврт.

Немирните Близнаци не знаат како да се забавуваат само гледајќи во екранот, па затоа и уште на самиот почеток од првото полувреме ќе почнат да го прават тоа што најдобро го знаат – ќе ги забавуваат луѓето околу себе со своите коментари.

И големи се шансите со своите непромислени шеги да навреди некој Рак кој баш тогаш минува низ една од своите меланхолични фази и воопшто не му е до шегување.

Своето незадоволство од однесувањето на Близнаците ќе се обиде да сподели со Лавот кој не е заинтересиран за разговорот во кој тој не е главната тема. А и премногу е зафатен со коментирање и давање „стручни“ мислења за самиот натпревар.

За тоа време Девицата во кујната вредно подготвува мала закуска и ги мие садовите.

Удирањето на чашите и чиниите бескрајно ја нервира Вагата која едвај чека да одржи некому лекција за бонтон за гледање фудбалски натпревар, но не е сигурна дали е вистинското време за тоа. Можеби малку подоцна. Или пак, сепак не. Ќе се обиде да одлучи до крај на натпреварот.

Страсната Скорпија му парира на Овенот во навивачкиот жар, но додека Овенот е целосно фокусиран на играта, Скорпијата ќе ја искористи оваа шанса за да ги шармира девојките или момците околу себе со фудбалски фори. „Оп, ми влета од офсајд“, знае да се чуе од неа.

Тоа го забележува Стрелецот кој му возвраќа со поглед полн презир и потоа оди да го озборува со Јарецот кој ја преиспитува можноста за трансфер на својот омилен играч во нов клуб доколку тој се покаже корисен во важен натпревар.

Водолијата е единствената без навивачки моден стил бидејќи претопувањето со толпата не е во нејзината природа. Но, тоа го надополнува со страсно навивање.

Дури и ако нивниот омилен тим не игра во финале, Рибите веќе го замислиле со пехарот во своите раце.

Дознајте и какви се хороскопските знаци на социјалните мрежи!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар