Вашиот хороскопски знак може да открие што потајно мразите

Вашиот хороскопски знак може да открие што потајно мразите

Ѕвездите знаат точно што мразите! Дури и да сте најсмирената личност на оваа планета, постојат големи шанси дека мразите нешто од дното на вашата душа. Зборуваме за оние ситници, мали иритации кои едноставно не можете да ги поднесете, а често редовно се соочувате со нив. Па, што потајно мрази вашиот хороскопски знак?

Вашиот хороскопски знак може да открие што потајно мразите

Овен

Овните мразат луѓе што прават сè претерано бавно, луѓе што претеруваат со објаснување, автобуси што доцнат, ограничено размислување и неодговорени СМС пораки.

Бик

Кога станува збор за Биковите, тие мразат промени, луѓе кои се фалат на Фејсбук, облека со флеки, кога треба да држат говор или да зборуваат, невкусен оброк, како и личности кои не користат дезодоранс.

Близнаци

Близнаците мразат кога другите им кажуваат да зборуваат потивко, луѓе без смисла за хумор, расипана технологија, чевли од кои толку многу болат стапалата што нема да можете да танцувате во нив, како и расипано вино.

Рак

Првото место на нивната листа е резервирано за критиките. Раковите исто така мразат и простории што се претопли, кога ги губат очилата, луѓе што се облекуваат лошо, како и луѓе кои не се грижат за емоциите на другите.

Лав

Бидејќи тие не сакаат да бидат надминати во што било, не сакаат кога другите се во центарот на вниманието, не можат да поднесат да им биде ладно, ниту пак сезнајковци. Лавовите мразат кога им велат да забават, луѓе што не се интересираат за ништо и кога некој ги фрла во вода.

Девица

Аналитичните Девици мразат луѓе кои се неорганизирани и кои прават граматички грешки, емоционални сцени на јавно место, стенд-ап комичари кои ја напаѓаат публиката и луѓе што креваат еден прст нагоре кога зборуваат на својот телефон.

Вага

Вагите презираат сè што ја нарушува рамнотежата во нивниот свет, како злобни луѓе, луѓе кои фрлаат ѓубре на улица, насилство врз животни во секоја форма, луѓе кои не враќаат на повиците, нечисти автомобили и грди фризури.

Скорпија

Не постои нешто што Скорпијата мрази повеќе од лажливци. Припадниците на овој знак исто така мразат пасивни луѓе, кога се под притисок да откријат тајна, апстиненција, крадци на пенкала, хипстери, како и кога некој зборува за нив во негативна смисла.

Стрелец

Слободоумните Стрелци нема да дозволат да ги повлечат надолу луѓе кои премногу се приврзуваат, а мразат да патуваат со луѓе кои постојано се жалат. Тие исто така не сакаат кога другите им велат дека се финансиски неодговорни и дека време им е да се „одморат“.

Јарец

Конзервативните Јарци мразат луѓе што позајмуваат пари (особено оние кои не ги враќаат на време), луѓе кои ја оставаат отворена пастата за заби, кога од нив бараат да ги остават децата дома, како и здодевни луѓе.

Водолија

Што мразат Водолиите? Кога другите им кажуваат дека не знаат што прават, кога тонат во минатото, луѓе кои не се лојални, ограничувања, луѓе кои не се согласуваат со нив, како и кога се „трето тркало“ на некој пар.

Риби

Рибите не сакаат да бидат измачувани со минатото, луѓе кои си одат од караница, оние кои се смеат премногу гласно, секаков вид насилство и шофери кои возат многу бавно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар