Сте започнале нова врска. Што да очекувате понатаму од секој хороскопски знак? - Part 2

Сте започнале нова врска. Што да очекувате понатаму од секој хороскопски знак?

Сте започнале нова врска. Што да очекувате понатаму од секој хороскопски знак?

Вага

Тој: Мажот Вага ужива додека се додворува и додека ја освојува девојката која веќе го освоила неговото срце. Тој посакува тоа да трае засекогаш. Нему му фали исиот тој полет понатаму во врската. Ако не внесувате новини во вашето секојдневие, тој може лесно да го загуби интересот.

Таа: Оваа жена ви го подарила своето срце и затоа не поднесува кога ќе ја запоставите. Не е комплицирана личност и многу сака комплименти. Ако сакате подолго да остане покрај вас, запомнете дека омилениот комплимент за неа е „те сакам“. Ако тоа не се случува, таа може да побара утеха кај друг маж.

Скорпија

Тој: Таков заводник ретко се раѓа. Вие се прашувате што тој воопшто прави, а не ни сфаќате дека веќе ви пришол од зад грб и „ве заробил“ во својата прегратка. Не можете да одолеете на неговиот длабок поглед и суптилен допир. Ако тој реши дека сака да биде со вас, нема да си дозволи да ве изгуби.

Таа: Скорпијата во љубовта оди на сè или ништо. Ако реши да биде ваша девојка, таа знае што треба да направи за да стане тоа, а и да ве задржи потоа. Таа ќе ви постави доста високи стандарди во врската со неа, а понатаму е спремна и на уцени ако почувствува дека полека ве губи.

Стрелец

Тој: Стрелецот делува многу сигурно во себе додека заведува, но не и кога треба да се докаже како партнер во врската. Бргу му здодеваат работите и сака одново да оди во освојувачки поход, но овој пат по друга партнерка. Ако се решите да останете покрај маж Стрелец помалку верувајте му на зборовите, а повеќе на делата.

Таа: Откако оваа заводничка ќе ве освои, јасно ќе ви даде до знаење кои се нејзините очекувања од врската со вас. Ве одбрала за да помине барем дел од животот со вас и затоа нема да си дозволи да биде незадоволна. Отворено ќе разговара за секој проблем кој ќе се појави меѓу вас. Тоа е нејзиниот начин да ве задржи покај неа.

Јарец

Тој: Можеби ви изгледа збунето и срамежливо, но ќе ве изненади со неговото џентлменско однесување кога ќе се опушти повеќе со вас. Ќе ве носи секаде со себе, ќе ве покажува на сите и нема да дозволи ништо да ви фали. Постојано ќе ве гали, мази и чува и нема да сакате никогаш да го напуштите.

Таа: Таа добива кого и да посака. Кога ќе станете нејзин избор, а тоа секогаш е на подолго време или за цел живот, нема да ви биде лесно да ѝ угодите. Потребно е истовремено да бидете страстен љубовник, посветен татко, добар домаќин и пред сè силен поддржувач на нејзините амбициозни планови. Е, тогаш ќе ви даде љубов за каква што не сте знаеле дека постои.

Водолија

Тој: Овој маж знае како да постапи со жената која ја сака. Сака да манипулира и затоа му треба малку време за да одбере тактика која ќе ја примени на вас. Секогаш кога мислите да му се налутите, тој ќе најде начин како да ве изненади и шармира уште еднаш. Тој ќе направи да мислите дека сте создадени еден за друг и дека никогаш нема да најдете подобар од него.

Таа: Жената родена во Водолија знае како да го задржи мажот кој го љуби. Секогаш ќе се труди да изгледа убаво, ќе стане најдобра пријателка со сите кои ви се допаѓаат и вознесено ќе ги прераскажува на сите вашите заеднички доживувања. Вам нема да ви пречи да ја слушате сè додека ви искажува љубов на тој начин.

Риби

Тој: После толку вложен напор за да ве освои, тој нема да дозволи лесно да му избегате. Иако не е јак на нерви, со вас ќе биде најтрпеливиот човек на светот. Ќе направи да мислите дека тој е вашиот идеален партнер со бројните мали романтични гестови, но морате добро да внимавате на него. Тој знае да побара возбуда и на друго место.

Таа: Жената Риба има вродени вештини за освојување и задржување на мажите. Таа смета дека во љубовта сè е дозволено. Таа нема да се двоуми да примени каков било метод само за да ве задржи, секако, ако навистина сака да биде со вас. Зрачи со сексапил во секое свое движење, а кога тие движења ги прави во спалната соба, тогаш сте нејзин и само нејзин.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар