Совршената секси порака за секој хороскопски знак

Совршената секси порака за секој хороскопски знак

Доколку сакате да го „зачините“ сексуалниот живот со вашиот партнер, секси пораките се одличен почеток. Можеби се прашувате што би му се допаднало на вашиот партнер. Не грижете се ако немате поим, бидејќи ѕвездите се тука за да ви помогнат. Подготвени сте за овој сексуален предизвик? Дознајте која е совршената секси порака за секој хороскопски знак и играта може да започне…

Совршената секси порака за секој хороскопски знак

Овен

Што да им пратите? Предупредување за разголена фотографија.

Пример: „Провери си го имејлот.“

Зошто ќе им се допадне? Овните претпочитаат слики, а не зборови. Секси фотографиите навистина можат да ги возбудат. Не грижете се доколку не сте подготвени целосно да се соблечете, бидејќи разголената кожа е сосема доволна за Овните.

Бик

Што да им пратите? Нешто интимно и секси истовремено.

Пример: „Сакам да заспиеш во мене.“

Зошто ќе им се допадне? Биковите се многу чувствителни. Им требаат партнери што ќе сакаат да поминуваат време во кревет и да се забавуваат. Секси пораката во која ќе им откриете колку долго ќе ги држите „зафатени“ со сигурност ќе им го привлече вниманието.

Близнаци

Што да им пратите? Отворено прашање во необично време.

Пример: „Кога последен пат помисли на мене?“

Зошто ќе им се допадне? На Близнаците најпријатно им е кога ја играат улогата на детективи, така што ако почнете со прашање, тоа ќе ги фати во небрано на позитивен начин. Тие никогаш не го следат сценариото, па ова секси испрашување ќе им дојде спонтано и природно.

Рак

Што да им пратите? Нешто што ќе ги натера да излезат од нивната лушпа.

Пример: „Кажи ми нешто повеќе.“

Зошто ќе им се допадне? Можеби сметате дека овој затворен знак нема да ги прифати добро секси пораките и најверојатно навистина ќе им биде попријатно доколку вие ја преземете улогата на лидери. Но, со вистинското охрабрување, Раковите можат да станат вистински експерти за праќање секси пораки.

Лав

Што да им пратите? Нешто директно и полно со комплименти.

Пример: „Се возбудувам од самата помисла на тебе.“

Зошто ќе им се допадне? Лавовите „паѓаат“ на пофалби и ласкање. Зар секси пораките не се наменети токму за тоа? Не се воздржувајте кога станува збор за овој хороскопски знак. Кажете им го точно тоа што ви паѓа на ум и очекувајте позитивна реакција.

Девица

Што да им пратите? Арогантна пофалба.

Пример: „Ќе направам да го доживееш најсилниот оргазам.“

Зошто ќе им се допадне? Девиците постојано се грижат за другите луѓе. Колку и да делуваат доминантни, тие понекогаш сакаат да ја препуштат контролата некому. Дајте им до знаење дека го имате тоа што им треба и тие ќе „паднат“ на вашиот шарм.

Совршената секси порака за секој хороскопски знак

Вага

Што да им пратите? Нешто досетливо.

Пример: „Не можам да дочекам да го достигнеш врвот… на планината.“

Зошто ќе им се допадне? Вагите на почеток се бесрамни флертувачи. Со други зборови, тие ги знаат и ги чуле сите трикови за додворување, така што бидете креативни и насмејте ги со досетлива игра на зборови.

Скорпија

Што да им пратите? Порака полна со копнеж.

Пример: „Ми требаш до мене.“

Зошто ќе им се допадне? Скорпиите се вистински осаменици, така што нема да постигнете ништо доколку се фалите за вашите способности. Наместо тоа, јасно дајте им до знаење дека ви требаат и тие ќе бидат задоволни.

Стрелец

Што да им пратите: Нешто сликовито.

Пример: „Сакам да лежиш целосно гол/а на креветот кога ќе си дојдам дома.“

Зошто ќе им се допадне? Стрелците се постојано подготвени за авантура така што нема да ги одбијат вашите предлози. Овој енергичен знак обожува возбудливи работи, па затоа секси пораката полна со детали ќе им донесе големо задоволство.

Јарец

Што да им пратите? Споменување дека средбата можеби нема да се случи.

Пример: „Подготвен/а си да молиш?“

Зошто ќе им се допадне? Јарците се тврдоглави и горделиви, но нивната упорност нема да им дозволи да пропуштат нешто. Благото задевање ќе го поттикне нивниот интерес и иако нема да ви признаат, ќе ве посакуваат уште повеќе.

Водолија

Што да им пратите? Нешто што ќе им даде доминација.

Пример: „Што би ми правел/а да бев до тебе во моментов?“

Зошто ќе им се допадне? Водолиите не се многу доминантни, но нивната креативност им дава природни лидерски способности. Дајте им до знаење дека сакате тие да го водат разговорот и ќе се изненадите од нивните вештини.

Риби

Што да им пратите? Малку фантазија.

Пример: „Кои се твоите фантазии?“

Зошто ќе им се допадне? Ако ја поттикнете имагинацијата на Рибите, несомнено ќе го освоите нивното срце, а најверојатно и кревет. Покажете дека сакате да ги остварите нивните највозбудливи сексуални фантазии и тие ќе почнат да се чувствуваат пријатно покрај вас.

Во продолжение дознајте повеќе за хороскопските знаци и сексот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар