Скорпија и јарец – пријателска комбинација

Скорпија и јарец – пријателска комбинација

Скорпијата се чувствува удобно покрај стабилниот јарец и смета дека тој добро ù влијае, а тој пак, е инспириран од бескрајната страст за животот која таа ја поседува. Секогаш кога животот на скорпијата ù станува компликуван, таа може да му се обрати на јарецот за помош. Неговиот практичен совет, е како сонце после бура за скорпијата. За возврат скорпијата може да ја врати искрата и живоста во јарецот, кога тој ќе стане премногу сериозен и загрижен.

Скорпија и јарец - пријателска комбинацијаОвие пријатели се чувствуваат многу удобно додека се заедно. Тоа е така бидејќи скорпијата го разбира претпазливиот пристап кон ситуациите кој го има јарецот. На сличен начин, јарецот ја поддржува таинственоста на скорпијата и нејзината тенденција да си ги задржи тајните само за себе.

И покрај тоа што ним зборувањето можеби нема да им биде најјаката страна во нивното другарство, тие најверојатно ќе уживаат и во нивната удобна тишина бидејќи можат да се разберат само со поглед. На јарецот му станува неудобно кога скорпијата ќе почне да се жали или мурти, а таа пак се накострешува кога јарецот ќе почне шефовски да се однесува.

Во секој случај, овие пријатели се на „иста бранова должина“, за повеќето работи. Скорпијата и јарецот се многу длабоки луѓе, кои покажуваат силен интерес за области како уметност, политика или религија. Двајцата поседуваат смисла за црн хумор, така што може да уживаат гледајќи комедии, во кои е застапен поспецифичен, ироничен хумор. Други заеднички интереси може да им бидат археологија, риболов, читање и разменување мистериозни романи. Од спортовите може да уживаат во планинарење, пешачење и возење велосипед. Ако сакаат да го разбудат нивниот артистички дух, може да изработуваат накит заедно или разни глинени предмети.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар