Што значи годината на кучето во кинеската астрологија?

Што значи годината на кучето во кинеската астрологија?

Секоја година во кинескиот астролошки календар е карактеризирана со животно. Започнувајќи на 16-ти февруари 2018-та година, годината на кучето ќе биде одлична за сите родени во овој знак.

Што значи годината на кучето во кинеската астрологија?

Кинеското астролошко тркало има 12 различни животни и секоја нова година животното се менува со наредното. Познато е дека животното што „владеело“ во вашата година на раѓање кажува многу за вашиот карактер, но всушност тоа не е сè. Секоја година животното е дефинирано од еден од 5-те елементи. Во кинеската астрологија овие елементи се вода, метал, дрво, оган и земја. Елементите им даваат на животните уште едно значење, уникатност што ја прави годината уште попосебна. Оваа година се прославува годината на земјено куче, нешто што се нема случено од 1958-ма година.

Во кинеската астрологија се верува дека ги наследувате особините на животното кое владее во годината во која сте родени. За луѓето родени во годината на кучето, ова се одлични новости. Кучињата се познати по нивната лојалност, бескрајната љубов, позитивниот став и најважно, по нивната добрина. Токму овие особини ги прават едни од омилените животни на луѓето. Кучињата се борат за она во што веруваат и секогаш им помагаат на оние на кои им е потребна помош.

Од друга страна пак, тие може да бидат тврдоглави и крути со своите верувања. Лесно се разочаруваат кога работите не им одат по план. Склони се кон тага и песимизам. Исто така се познати по тоа што ги судат другите кои не можат да се мерат со нив.

Се верува дека луѓето родени во годината на кучето се најкомпатибилни со оние од годината на зајакот, а најмалку компатибилни со луѓето родени во годината на змејот, козата или петелот. Некои познати „кучиња“ се Дејвид Боуви, Џуди Гарланд, принцот Вилијам, Елвис Присли и Фреди Меркјури.

Земјените кучиња се вредни, дисциплинирани и трпеливи. Не се познати по стекнување богатство рано во животот, а најсреќни се во подоцнежните години. Без разлика колку се фокусирани на нивните цели, тие никогаш нема да направат компромис за нивните вредности. Овие луѓе предизвикуваат восхит и презир кај секој што ќе му се вкрсти патот со нивниот. Без разлика дали се сакани од другите, секогаш се почитувани поради тоа што се искрени кон себе.

Земјените кучиња имаат чиста душа и го минуваат животот без да се мешаат во туѓиот и веруваат дека сите треба да живееме и да ги оставиме другите да си живеат. Ова ги одделува од другите кучиња кои повеќе судат.

Најпознати примери за земјени кучиња се Мадона и Мајкл Џексон. Мајкл Џексон е познат по тоа што секогаш го следел своето темпо и упорно се обидувал да ги постигне своите цели. Никогаш не се откажал од себеси без разлика колку луѓе навивале за негов неуспех. Во животот и Мадона е пример за овие особини.

Дознајте и кое животно сте во кинескиот хороскоп.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар