Што треба да знаете за нескротливите Стрелци и љубовната врска со нив?

Во љубовта, Стрелците изобилуваат со спротивности. Тие се препознатливи по својот симбол во форма на кентаур, мистично суштество што е половина коњ, половина човек па затоа поседуваат карактеристики и од двете – животински инстинкти и просветлено размислување. Тоа е и причината поради која копнеат за божествена инспирација, но истовремено имаат и нескротлива желба за „земјените задоволства“. Ништо чудно што најчесто се растргнати на две страни!

shto-treba-da-znaete-za-neskrotlivite-strelci-i-ljubovnata-vrska-so-niv

Тие се слободните духови во зодијакот, вистински патници што најудобно се чувствуваат на пат. Иако го мразат чувството да се „врзани“, тие исто така и копнеат за сродна душа со која ќе можат да го доживеат светот. Стрелците имаат голем апетит за животот, па нивните партнери мора да ја поседуваат истата оваа карактеристика бидејќи не е лесно да бидете во чекор со ваков човек. Токму затоа и Стрелците долго остануваат сингл – а кога конечно ќе влезат во врска, целосно се препуштаат.

Стрелците се мечтатели и секогаш бараат големи проекти. Водени од масивниот Јупитер, тие размислуваат „големо“ за сè. Копнеат да создаваат нови светови, како Волт Дизни и Стивен Спилберг. Едноставно потребен им е партнер што ќе ги охрабри, но и што ќе биде доволно приземјен за да се грижи за нив кога нештата ќе станат потешки и ништо нема да може да ги сопре. Со оглед на тоа што се големи оптимисти, тие во секого гледаат потенцијал, па тоа понекогаш може и да ги натера да згрешат и да влезат во погрешна врска.

Ако не дозволат физичката привлечност да ја прикрие нивната потреба за партнер што ќе ги поддржува, тогаш лесно ќе најдат сродна душа. Споделувањето на мудроста е едно, но изигрувањето животен тренер може брзо да ги исцеди и да им ја одземе волјата за љубов. Надежта е нивната зависност, но тоа не е добро, па мора секојдневно да растат со креативна визуализација што ќе ги подготви да излезат од стапица доколку паднат во неа.

За среќа, Стрелците се најсреќните знаци во зодијакот па дури и покрај тоа што секогаш си играат со оган и знаат да се изгорат, лесно се враќаат назад во вистинската насока. Особено ако љубовта е доминантна во нивниот живот.

Независни, слободни и нескротливи: Врската со овој хороскопски знак е речиси невозможна!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар