Што сè треба да знаете пред да тргнете на одмор со вашиот пријател Стрелец?

Ако барате некој кој би ви правел друштво во нова авантура, тогаш многу лесно ќе го најдете во вашиот пријател Стрелец. Тие сакаат да патуваат и многу е веројатно дека веќе биле онаму каде што сакате да отидете. Но, тоа нема да ги спречи да дојдат со вас и заедно да креирате исклучителни и незаборавни спомени од патувањето.

Што сè треба да знаете пред да тргнете на одмор со вашиот пријател Стрелец?

Вашиот пријател Стрелец е релаксиран и не се плаши да патува дури и во непознати места. Она што е сигурно е дека заедно ќе се впуштите во многу авантури и истражувања. А, пред да тргнете заедно на пат, треба да ги знаете овие нешта!

1. Тие сакаат екскурзии

Стрелците сакаат да бидат што подолго надвор, па затоа очекувајте дека ќе ви предложат да кампувате, да искачувате планина или да шетате низ шума. Тие го сакаат летото и уживаат во сончевите зраци, иако во суштина, важат за зимски луѓе, поради периодот на раѓање. Со нив никогаш нема да ви биде здодевно бидејќи секој ден ќе наоѓаат некоја активност со која ќе го пополните времето. Немојте да се чудите ако ве повикаат да испробате некоја адреналинска активност, бидејќи нив ги возбудуваат ваквите искуства.

2. Тие не сакаат да одат по план

Кога ќе одлучат која е нивната дестинација, Стрелците не пребаруваат на Интернет каде сè може да отидат, напротив, планот го прават кога ќе пристигнат таму. Едноставно не можете да ги врзете Стрелците со список, распоред или рутина. Секако, тие ќе проверат дали сместувањето е на добра локација, но остатокот од авантурата ќе биде непланирана и спонтана.

Што сè треба да знаете пред да тргнете на одмор со вашиот пријател Стрелец?

3. Сакаат да разговараат со сите

Немојте да се чудите ако вашиот пријател Стрелец уште првиот ден почне да разговара со соседите, со персоналот во рестораните каде што одите или пак со други туристи од вашата група. Кога патуваат, Стрелците стануваат многу комуникативни, што може да ви користи да запознаете многу повеќе луѓе и да имате што подобар социјален живот за време на патувањето.

4. Тие нема да го користат телефонот постојано

Едноставно, Стрелците немаат време да бидат на социјалните мрежи и да пишуваат пораки кога имаат можност да создаваат нови спомени. Екранот на телефонот може само да ги спречи да си поминуваат најдобро што можат. Добро, понекогаш ќе објават и по некоја фотографија на Инстаграм, но тоа е сè.

5. Ќе остават нешто свое пред да заминете

Патувањето за Стрелците не е само искуство кое им носи печат во пасошот. Тие сакаат од секоја нивна активност да остават белег врз светот. Така, немојте да се чудите ако ја подари својата алка на жена која не ја познава или пак, „случајно“ заборави некоја ситница на клупа во парк, за да може некој друг да ја најде. На овој начин, вашиот пријател Стрелец се чувствува поврзан со местото каде што престојувавте.

Што сè треба да знаете пред да тргнете на одмор со вашиот пријател Стрелец?

6. Нема да сакаат да се вратите дома

Иако веќе е во автобусот или во авионот, вашиот пријател Стрелец всушност не сака да го напушти местото и враќањето го прави тажен и носталгичен. Следните неколку дена ќе слушате дека требало да продолжите барем уште малку а нека не ве чуди и ако веќе го има испланирано и следното патување. За Стрелците, патувањата се бегство од реалноста во места каде имаат бескрајна слобода, наместо навики, планови и рутини.

7. Ова патување ќе ги измени

Од секое патување Стрелците се враќаат како нови личности. Всушност, на сите ни се случува тоа, но кај нив е поизразено. Тие ќе научат многу нови нешта и ќе видат како другите живеат. Но, не се плашете. Тие ќе останат покрај вас за заедно да го испланирате следното патување, кое исто така ќе ве промени, но она што ќе го научите ќе стане неразделен дел од вашата личност.

Покрај Стрелецот, прочитајте и кои други хороскопски знаци се идеални за патување заедно.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар