Што ќе ви каже секој хороскопски знак на крајот од првиот состанок?

Жените се тие кои ги инспирираат мажите за сѐ во животот, и секако дека од самата жена или девојка зависи што ќе каже нејзиниот партнер на крајот од првата вечер помината заедно. Сепак, постојат одредени реченици кои се типични за хороскопските знаци според карактеристиките кои се заеднички за секој од 12-те знаци. Дознајте што можете да очекувате на крајот од вечерта според хороскопскиот знак на момчето со кого одите на состанок.

shto-kje-vi-kazhe-sekoj-horoskopski-znak-na-krajot-od-prviot-sostanok-kafepauza.mk

Овен: „Ајде да одиме на друго место, не ми се оди дома. Има едно клуб кој работи цела ноќ. Ајде, ајде!“

Бик: „Ајде да одиме негде да каснеме, гладен сум.“

Близнаци: „Утре одам на камп со другарите. Сакаш да дојдеш?“

Рак: „Фино си поминав вечерва со тебе. Би сакал да те видам повторно!“

Лав: „Забележа како сите нѐ гледаа во кафулето? Може пак да одиме таму, баш нѐ испочитуваа!“

Девица: „Утре имам многу состаноци и обврски, но ти ветувам дека следниот пат ќе те изведам на вистински состанок. Инаку, многу си интелигентна, да знаеш. И тоа многу ми се допаѓа!“

Вага: „Преубава беше вечерва!“

Скорпија: „Сакаш уште малку да се прошетаме, би сакал подобро да те запознаам!“

Стрелец: „Имаш нешто планирано за викендов? Ајде да одиме во Рим!“

Јарец: „Извини ако ти зборував премногу за себе и за мојата работа. Следниот пат ти ќе зборуваш, ти ветувам!“

Водолија: „Долго не сум запознал толку духовита девојка како тебе. Вечерва беше лудило. Утре ќе те запознаам со родителите.“

Риби: „Убаво се бакнуваш!“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар