Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Лав

Нивната заедничка иднина ќе вклучува интензивна сексуална привлечност и интересни здрави предизвици, кои ќе ги одржуваат физички и ментално стимулирани. Голема е веројатноста нивната врска да биде долготрајна. Со заеднички сили, тие ќе оформат престижно дуо, кое е многу можно да создаде богатство.

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Лав

И Овенот и Лавот ќе треба да ја контролираат нивната агресивност, бидејќи во спротивно ќе имаат интензивни емоционални конфронтации секојпат кога ќе се почувствуваат занемарено од партнерот. Овенот треба да се потруди да му даде на Лавот „кралски“ третман каков што тој посакува, и обратно. Доколку Овенот и Лавот се во потрага по секс кој ќе ги задоволува нивните мечти, тие треба да завршат со потрагата, бидејќи оваа врска ќе им го овозможи тоа. Двата знака се интензивни и страсни и се многу компатибилни во спалната соба, но и надвор од неа. Исто така, прогнозата за иден брак е доста возможна.

Маж Овен и жена Лав

Кога претставници на овие два знака се во врска, нивното срце чука многу силно и искри летаат наоколу. Тие се многу страсна и возбудлива љубовна комбинација. Горделивата Лавица ужива кога некој ја обожава, а кога Овенот ќе реши да ја освои нејзината љубов, таа ќе се чувствува како вистинска ѕвезда. Тој е херојот, а таа е дамата во неволја. Ваквото сценарио е проследено со жешки љубовни сцени и среќен крај како од бајките. Жената Лав ќе го опсипува нејзиниот Овен со романтични гестови, а тој нема никогаш да ја разочара во сексуалниот живот. Тие се многу креативен и компатибилен љубовен пар.

Жена Овен и маж Лав

Забава и страст ја водат врската помеѓу мажот со хороскопски знак Лав и жената Овен. Оваа комбинација има победнички карактер. Ниеден од нив не ги прикрива емоциите и тие се многу независни и креативни.

Нивниот сексуален стил наложува многу акција и играње секс-улоги. Жената Овен мора да биде број еден во врската, а и мажот Лав сака вниманието да биде свртено кон него, па поради ова може да се јави проблем во оваа врска. И Овенот и Лавот се многу зафатени негувајќи го нивното сопствено его, што забораваат да го негуваат односот со својот партнер. Доколку женскиот Овен научи како да ја цени дарежливоста на Лавот, тој ќе ја разбере нејзината потреба да биде главна, а тие два фактори се најзначајни за развојот на нивната врска.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар