Овој хороскопски знак знае сè пред сите, а заради својата неверојатна интелигенција е осуден да пати

Овој хороскопски знак знае сè пред сите, а заради својата неверојатна интелигенција е осуден да пати

Она што луѓето во овој знак ќе го забележат, останатите не би го сфатиле ниту за три животи. Тоа е така затоа што припадниците на знакот Риби се познати по длабоката интуиција, но и емпатија. Заради тоа забележуваат сѐ и чувствуваат многу подлабоко и повеќе од останатите хороскопски знаци.

На Рибите не мора да им кажете дека нешто ве мачи – доволно е само да се појавите, а тие само со еден поглед ќе сфатат дека имате проблем, и ќе патат како сето тоа да им се случува на нив. Од Рибите ништо не можете да сокриете, бидејќи нивната интуиција секогаш ќе ги доведе до вистинскиот одговор. Припадниците на овој хороскопски знак најбрзо и најточно ги сфаќаат настаните, појавите и луѓето околу себе, но токму затоа и патат многу повеќе од останатите знаци. Рибите ќе ги разберат и најлошите човечки постапки и тешко дека ќе ги осудат тие злобници, а уште помалку да ги презираат и да ги отфрлат, дури и доколку самите се повредени.

Покрај тоа што патат повеќе од останатите знаци, Рибите и потешко се снаоѓаат во реалноста затоа што живеат во свој замислен свет. Сепак, ако ви е потребна помош за да идентификувате некоја ситуација, или едноставно ви е потребен некој да ве сослуша и разбере – Рибите се вашиот најдобар избор!

Прочитајте и зошто љубовната врска со Рибите е како измислена во бајките.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар