Овие 7 хороскопски знаци веројатно нема да имаат среќа во љубовта ова лето

Некои лета, изгледа како љубовта да е во воздухот, но во други таа не е присутна, па ако мислевте дека топлите денови се создадени само за љубов секоја година, тогаш треба да размислите уште еднаш. Некои лета, се наменети да бидете во љубовна врска со самите себеси и да ја сочувате вашата енергија за некои други важни работи, наместо да ја трошите на врски коишто не функционираат.

Овие 7 хороскопски знаци веројатно нема да имаат среќа во љубовта ова лето

Ова веројатно се должи на тоа што вашиот хороскопски знак реагира чудно на енергијата на Венера во Лав. Планетата на љубовта и хармонијата, ќе остане предолго во овој огнен фиксен знак, во периодот од јуни до јули, па можеби средината од летото, конечно ќе ви тргне во полето на љубовта.

Доколку љубовниот хороскоп за 2018 на вашиот знак не звучи баш оптимистично, кренете ја главата високо и искористете го овој период за да работите на некои креативни проекти и да се посветите на вашиот внатрешен мир и откривање на вашите потиснати желби. Секојдневно работете на тоа, да си овозможувате сè што ви е потребно за да бидете среќни.

1. Бик

Додека Сатурн го прави своето движење во вашата куќа на посветеноста до септември, вие ќе дојдете до заклучок дека личноста којашто сакавте да ја донесете дома и да ја запознаете со вашите родители, можеби не била вистинската за вас. Во периодот од мај 2018 до април 2026 година, Уран ќе биде во вашиот знак, предизвикувајќи ве да се соочите со некои ваши невообичаени копнежи. Дали љубовниот партнер/ка, повеќе не ги исполнува вашите критериуми за среќна врска? Прифатете ги промените коишто ви се случуваат и дознајте кој навистина ве привлекува и ве исполнува, бидејќи тоа ќе биде од клучно значење за вашата иднина.

2. Рак

Сатурн ќе бие во вашата куќа на романсата во периодот од јуни до септември, кога ќе почувствувате некакви тешкотии и препреки во вашата врска. Партнерот од вас ќе има одредени барања и очекувања, коишто вие нема да имате можност да ги реализирате. Поради тоа, ќе почувствувате дека сте ограничени и не можете да се развивате, поради притисокот што го чувствувате во врската. Поради тоа, ќе треба да започнете повеќе да си го почитувате вашиот сопствен распоред на денот и да си дадете доволно простор, за да можете повторно нормално да дишете.

3. Девица

Ова лето, вашиот љубовен живот ќе биде измешан од позитивни и негативни искуства. На почетокот од сезоната, ќе ви изгледа дека ништо интересно не се случува во вашиот љубовен живот и немате добри потенцијални кандидати. Запомнете дека е неопходно да останете позитивни и да мислите дека тоа што во моментот животот ви го нуди, е сосема доволно. Размислете, како можете да го искористите слободното време што го имате на располагање. Наместо да се грижите што немате со кој партнер да излезете на состанок во петок навечер, можеби сè што ви е потребно е да останете дома и да се почестите себеси со миризлива, пенлива бања. До крајот на летото Венера, планетата на љубовта, ќе влезе во вашиот знак и ќе бидете благодарни за периодот којшто сте го поминале сингл. Не заборавајте и понатаму да останете во добра конекција со вашето внатрешно јас, со цел да се чувствувате свежо и подмладено.

4. Вага

Венера ќе ви овозможи да го одржите вашиот релаксирачки пристап кон љубовта ова лето. Доколку се чувствувате запоставено и осамено во овој период, можеби причината лежи во тоа што не ги цените доволно вашите пријателства. Возможно е во овој период да имате романтични чувства за повеќе луѓе истовремено. Без разлика на тоа, немојте да го потценувате големото количество љубов, коешто го добивате од вашите пријатели. Доколку сакате да се посветите на нешто на долг рок, потребно е да поминувате повеќе време во поголеми друштва, а не со по една личност.

5. Скорпија

Оваа пролет, веројатно сте имале разни додворувачи, па летово можеби ќе ве изненади тоа што сте сосема сами, но може и да ви олесни. Ќе сакате да го посветите целото ваше внимание на работење на креативни проекти и постигнување на вашите цели. Ќе бидете многу блиску до остварување на вашите соништа. Притоа, немојте да заборавате и дека морате да уживате во животот.

6. Стрелец

Ова лето, голем број луѓе родени во знакот Стрелец, ќе направат свесна одлука да останат сингл. Во овој период, ќе сакате да му пристапите на светот со отворен ум и да видите какви луѓе можете да запознаете. Можеби ќе размислувате за идејата да пробате да бидете со повеќе различни партнери, но веројатно нема да запознаете никој што ги исполнува вашите стандарди до крајот на август. Тогаш, конечно ќе сретнете некоја личност којашто ќе ве импресионира, но ќе изгледа како да ве одбива. Ќе треба да се запрашате кој, кого одбива во ситуацијата. Кои делови од карактерот на оваа личност не ги прифаќате ни вие? Морате да запомните дека одбивањето, исто како и посветувањето, е двонасочна улица.

7. Риби

Марс ќе влезе во вашата куќа на романсата, од крајот на јуни до почетокот од август и во овој период сладострастието ќе тече низ вашите вени. Како претставници на водните знаци, имајте на ум дека ако се „прегреете“, можете да завршите емоционално исцрпени. Ова ќе биде добар период да поминете повеќе време со вашите блиски пријатели, коишто ќе ви помогнат да го успокоите вашиот загрижен ум. Доколку сметате дека некоја личност ви ја „цеди“ енергијата и ви ја нарушува рамнотежата во животот, тогаш веројатно е време да ја напуштите. На 29 август, полната месечина ќе влезе во вашиот знак и ова ќе биде добар момент да се ослободите од проблематичните љубовни врски и да ја прочистите вашата емоционална енергија, за да бидете способни повторно да запливате во љубовни води, со вистинската личност за вас.

Прочитајте го и вашиот хороскоп за лето 2018, кој вели дека е време да ги почувствувате позитивните вибрации

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар